Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
Агровести

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла

Објавено 22/12/2025
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје постепено се стабилизира откако вчера и денеска беа забележани откажувања и пренасочувања на летови поради намалена видливост предизвикана од магла, информира операторот ТАВ Македонија.

Во периодот од 20 часот вчера до 12 часот денеска, реализирани се 27 лета, додека вкупно осум лета се откажани – три во пристигнување (Белград, Истанбул и Истанбул – Сабиха Гокчен) и пет во заминување (Цирих, Белград, Атина, Истанбул и Истанбул – Сабиха Гокчен). Еден лет од Франкфурт-Хан е пренасочен.

– Сите останати слетаа и полетаа согласно планираниот ред на летање. Аеродромот е отворен и сите капацитети се во функција, наведуваат од ТАВ, додавајќи дека персоналот и опремата работат 24/7.

Од компанијата апелираат патниците да ги следат информациите од авиокомпаниите за нивните летови, бидејќи временските услови се менуваат, а секоја авиокомпанија има различни процедури за толеранција при намалена видливост.

Ажурирани информации за распоредот на летање се достапни на веб-страницата https://skp.airports.com.mk/, а патниците можат да се обратат и на инфо-пултот во терминалната зграда или на телефонскиот број +389 2 3148 333. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Авиосообраќајотмаглаоткажанистабилизира
Претходен напис МЗШВ: Европската Комисија нема суспендирано средства од ИПАРД III програмата
Следен напис Кинеските царини за млечните производи од ЕУ се неправедни и неоправдани, оцени ЕК
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?