Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Започна увозот на мед во Србија од Молдавија?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Започна увозот на мед во Србија од Молдавија?
Агровести

Започна увозот на мед во Србија од Молдавија?

Објавено 19/05/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Како што наведува Сојузот на пчеларски организации на Србија, фирмата АЗА ДОО од Стар Лединац направила увоз од  40 тони цветен мед од Молдавија, по цена од 2,2 евра по килограм а наскоро увозот ќе  продолжуви со нов контингент.

Како што дознава Сојузот на пчеларски организации на Србија (SPOS) на крајот на април во Србија е увезена првата количина на мед. До сега во Србија се увезувани симболични количини на мед, а главно тоа биле поединечни случаеви од ексклузивни локации и држави. Меѓутоа, веднаш штом започна правиот увоз на мед, тоа се објави на нивниот сајт. 

Систематска борба против фалсификатите

Како што се наведува понатаму, од 2009 година SPOS предупредува дека, мора да се направи  домашен бренд на мед за да можат да се спротистават на поевтините медови кога ќе почнат да се увезуваат во  некој погоден момент за увозниците.

– „ Исто така предупредувавме дека, посериозна систематска борба против фалсифиактите на крај ќе доведе до увоз на мед со  сомнителен квалитет ( но и прав мед ) по нереално ниски цени. Затоа пчеларите на Србија мораат да се држат заедно и самостојно да ги решаваат своите проблеми за да се заштитат од вакви легитимни и легални обиди на приватниот капитал, кој нас не ни одговара и мораме да се бориме против таквите појави“.

Увозени 43 тони мед во 2018 година?

Како што истражуваат Новости, во Србија со пчеларство се занимаваат околу 30.000 домаќинства, но официјално регистрирани се 15.000 пчелари. Во стационарните и селидбените пчеларства ширум земјата има помеѓу 850.000 и 1.000.000 кошници. Производството на мед во Србија варира од 6.000 до 9.500 тони годишно и тоа , багремов и сонгогледов мед  сочинуваат третина од вкупното производство, една третина сите други видови мед.

Статистиката вели дека во Србија 2018 година се произведени околу 9.000 тони мед, а извезени се 2.774 тони во вредност од 12,4 милиони долари. Увезени се 43 тони мед за што се потрошени 266.000 евра. Цената на медот во ЕУ варира од година во година и се движи од 5 до 7 евра за килограм багремов мед и 4 до 4,5 евра за килограм ливадски мед.  

Да потсетиме дека според Европското здружение на земјоделци “Copa-Cogeca” значајна е разликата во цената помеѓу цената на медот во Кина и во Европа. Дополнителните истражувања ги потврдија сомневањата дека Кинезите мешаат шеќерен сируп во извозниот мед а тоа  е невозможно  да се открие при увозот, кога се увезува пакован производ. 

Етијен Бруно од работната група која во ова здружение се занимава со пчеларство за Дојче Веле изјави дека поголемиот увоз на евтин украински мед предизвикува сомнеж дека во Украина тој производ се меша со шеќерен сируп.

Извор: Агроклуб.рс

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:медМолдавијасрбијаУвоз на мед
Претходен напис Стрежево ја започна сезоната за наводнување
Следен напис Славчо Попоски најавува, започна дестабилизирање на атмосферата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?