Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Азески: Инвестиција во македонското најдобро
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Азески: Инвестиција во македонското најдобро
Агровести

Азески: Инвестиција во македонското најдобро

Објавено 20/12/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Да си помогнеме сами себе, со купување домашни земјоделски производи и преработки

Како до одржлива економија со локална основа и европски стандарди? Како да ја подигнеме свеста на македонскиот потрошувач, дека со купување земјоделски производи и преработки всушност сите ние му помагаме, не само на оној што директно произведува, и на преработувачите кои учествуваат во секторот, туку најмногу од се ја помагаме домашната економија чии позитивни ефекти се враќаат како финасиски прилив во државната каса?

За да се реализира ова, треба визија, изработка на стратегија, документ кој ќе биде смерница како ќе се реализираат активностите. Треба кампања која ќе биде препознатлив слоган и мотивација за купување македонски производи.

За таа цел бизнисот е согласен кампања со наслов „Македонско најдобро“, ќе треба да ја отслика визијата на земја што верува во сопствениот потенцијал. За да биде успешна, кампањата за која интерес покажа и Владата, треба да се дефинира како стратешки чекор за поддршка на домашното земјоделство, агроиндустријата и локалните производители. Не треба да е само маркетиншка иницијатива, туку долгорочна развојна политика, како инвестиција насочена кон зајакнување на националната економија преку зголемување на домашното производство и намалување на увозната зависност.

А како ќе се реализира истата? Преку поттикнување на потрошувачите да избираат домашни производи, ќе се создава свест дека секој купен македонски производ е мала, но суштинска инвестиција во националниот развој. Тоа е економски патриотизам во пракса – чин на поддршка на нашите производители, на локалните економии и на заедниците што живеат од земјата и нејзините плодови. Тоа е повик за создавање затворен производствен круг, од нива до трпеза, каде додадената вредност останува во земјата.

„Македонско најдобро“ не е само економска мерка, туку и општествена филозофија: да произведуваме повеќе, да увезуваме помалку, да ја чуваме природата и да изградиме генерации што веруваат во вредноста на македонскиот труд. Таа е симбол на зрелост и подготвеност да создадеме сопствена одржлива економија заснована на знаење, труд и доверба во домашното.

Кампањата во која инвестираат директно и индиректно и бизнисот и државата, има ефект на сите вклучени страни:

За земјоделците, оваа иницијатива значи поголема предвидливост, сигурност во пласманот и мотив за вложување во квалитет и модерни технологии. Наместо да зависат од увозни цени и посредници, тие добиваат поддршка да создаваат конкурентни, квалитетни производи што ги задоволуваат домашните стандарди и вкус. Преку ова, се гради основа за долгорочна одржливост, особено во време кога глобалните пазари се нестабилни и логистиката често прекината.

За преработувачката индустрија, „Македонско најдобро“, претставува стимул за зголемување на капацитетите и диверзификација на асортиманот. Со користење на локални суровини, компаниите не само што ја намалуваат зависноста од увоз, туку и создаваат поголема вредност за домашниот пазар. Дополнително, се отвора простор за иновации, за воведување на нови производи и за зголемување на конкурентноста на регионално ниво. Поинаку кажано, се отвора можност за диверзификација и зголемување на домашниот асортиман. Со користење на домашни суровини, не само што се намалува зависноста од увоз, туку и се скратуваат транспортните патишта и трошоци. Помал увоз значи и помал транспорт, а со тоа и помалку емисија на штетни гасови. На тој начин, Македонија, иако мала земја, дава свој конкретен придонес во намалувањето на глобалниот јаглероден отпечаток и заштитата на животната средина.

Кампањата носи и пошироко општествено значење. Таа гради економски патриотизам, но без исклучивост. Повикува на солидарност и свесен избор што ја зајакнува економската самостојност. Кога македонските граѓани избираат домашно, тие не купуваат само производ, тие инвестираат во работни места, во иднината на младите и во стабилноста на локалните заедници.

Паралелно, оваа стратегија ја поттикнува и социјалната одржливост. Со создавање стабилни услови за работа и достоинствени приходи, земјоделството станува поатрактивно за младите генерации. Кампањата испраќа порака дека земјоделието не е минато, туку иднина со потенцијал за иновации, дигитализација и нови зелени технологии. Ако сакаме младите да останат во земјата и да создаваат тука, мора да им покажеме дека и домашната почва може да понуди иднина.

Стопанска комора

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:азескиИнвестицијамакедонското најдобро
Претходен напис Намалена видливост поради магла кај Ресен и Удово
Следен напис Над 25% од енергијата во ЕУ лани била од обновливи извори, во Македонија 21,8%
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?