Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: НБ: Во ноември годишен раст од 11 отсто на вкупните депозити и од 12,7 отсто на вкупната кредитна поддршка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > НБ: Во ноември годишен раст од 11 отсто на вкупните депозити и од 12,7 отсто на вкупната кредитна поддршка
Агровести

НБ: Во ноември годишен раст од 11 отсто на вкупните депозити и од 12,7 отсто на вкупната кредитна поддршка

Објавено 19/12/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити во ноември годинава се повисоки за 11,0%, што во поголем дел се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 12,7%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при малку поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор, информираат од Народната банка (НБ).

Паричната маса (монетарниот агрегат М3 1,2 ), во ноември 2025 година, забележа месечно зголемување од 0,1%, пред сè како резултат на растот на краткорочните депозити, при умерен раст и на готовите пари во оптек и депозитните пари, а во услови на пад на долгорочните депозити до две години. На годишна основа, паричната маса оствари раст од 11,2%, поради зголемувањето на депозитните пари, краткорочните депозити, готовите пари во оптек и долгорочните депозити до две години. ‒ Во ноември, вкупните депозити3 се повисоки за 0,3% и 11,0% на месечна и на годишна основа, соодветно. Притоа, месечната и годишната промена во поголем дел се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор.

Вкупните кредити, во ноември, бележат раст од 1,3% и 12,7% на месечна и на годишна основа, соодветно, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при малку поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор.

Овој месец, вкупните депозити на корпоративниот сектор се зголемени за 0,5% на месечна основа, главно под влијание на растот на депозитните пари, а во помала мера и на долгорочните депозити во денари и на краткорочните депозити во странска валута, додека долгорочните депозити во странска валута и краткорочните депозити во денари остварија намалување. Годишниот раст изнесува 9,3% и во најголем дел е резултат на зголемените депозитни пари и краткорочните депозити во странска валута и во денари. ‒ Кредитите на корпоративниот сектор5 , во ноември, забележаа месечно зголемување од 1,5%, во најголем дел поради зголеменото кредитирање во денари, при помал придонес и на кредитите во странска валута. На годишна основа, кредитите на корпоративниот сектор се повисоки за 14,5%, во целост поради зголеменото кредитирање во денари.

Во ноември, вкупните депозити на домаќинствата бележат нагорна месечна промена од 0,4%. Притоа, промената во поголем дел произлегува од зголемувањето на краткорочните депозити во странска валута и долгорочните депозити во денари, при помал раст и на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута, а во услови на остварен пад на депозитните пари. Во споредба со ноември претходната година, растот изнесува 12,4% и главно се должи на повисоките депозитни пари, долгорочните депозити во денари и краткорочните депозити во странска валута. ‒ Овој месец, кредитите на домаќинствата се повисоки за 1,1% и 11,1% на месечна и на годишна основа, соодветно. Промената кај двете основи е одраз на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со поизразен придонес на кредитите во денари.

Во ноември, според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити е остварен месечен раст од 0,9% и 1,6%, соодветно, при годишен раст од 10,5% и 16,5%, соодветно. Автомобилските кредити, во ноември, забележаа месечно и годишно зголемување од 1,6% и 0,4%, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитните картички се намалени за 0,5% и 6,4% на месечна и на годишна основа, соодветно. Овој месец, негативните салда на тековните сметки бележат месечен и годишен раст од 5,0% и 0,9%, соодветно. Кредитите одобрени врз други основи, во ноември, остварија месечно и годишно намалување од 0,8% и 10,0%, соодветно.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:11 отстогодишен растдепозитикредитна поддршкаНБ
Претходен напис МЖСПП: Надминат прагот на ПМ10 честички на повеќе мерни места во Скопје
Следен напис Грчките земјоделци попладнево повторно ќе го затворат граничниот премин Евзони
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?