Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Царината доби систем за анализа на ризик и податочен склад од Корејската царинска служба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Царината доби систем за анализа на ризик и податочен склад од Корејската царинска служба
Агровести

Царината доби систем за анализа на ризик и податочен склад од Корејската царинска служба

Објавено 17/12/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Царинската управа доби систем за анализа на ризик и податочен склад со кој се очекува да се подобри контролата на целокупниот обем на трговска размена и сузбивање на обидите за криминал и сива економија. 

Системот за анализа на ризик и податочен склад имплементиран со грант од Република Кореја во висина од 4,75 милиони долари, а денеска на официјалното промовирање на системот, македонската Царина доби и две кучиња од Кореја кои ќе бидат дел од тимот К9 на Царинската управа. 

– Сите податоци за целиот увоз, извоз, транзит, податоците за акцизна стока, целокупната евиденција на заплени, прекршочни и кривични пријави се интегрирани во Системот каде истите се анализираат со поддршка на напредна вештачка интелигенција. Воедно истиот обезбедува податоци за пратки чии вредности се различни од берзанските цени, но и чии вредности се под просечните согласно анализата на вредноста на целокупниот увоз, со што ги алармира царинските службеници за проверка на контејнерите со вакви пратки, сè со цел да се спречат обиди за царинска измама. Во делот на спречување на обидите за криминал, од суштинско значење е и анализата на податоците за патници во воздушниот сообраќај што ни овозможува поефикасно таргетирање на високоризични профили на патници, истакна директорот на Царинската управа Бобан Николовски на заедничката прес-конференција со комесарот на Корејската царинска служба Лимјон Ку.

Со новиот систем, како што посочи Николовски, ќе се овозможи и олеснување на легалната трговија што за фирмите ќе значи пократко време за царинење и помалку трошоци. Ова е овозможено преку зголемената концентрација на контролите на пратките каде претходно системот утврдил дека постои високо ниво на ризик од потенцијални измами, како и анализа на податоците од извршени постконтроли, што придонесува кон забрзување на легалната трговија.

Проектот започна во 2021 година со студија за изводливост и денешната завршница, според комесарот на Корејската царинска служба, е резултат на посветеноста и блиското партнерство меѓу двете влади. 

– Преку континуираната комуникација и соработка меѓу нашите две земји тој сега конечно вроди со плод. Од 2008 година, Корејската царинска служба го воведе системот за Е-царинење УНИПАС во 16 земји, и нивниот износ беше 329,37 милиони долари. Овој проект од 4,75 милиони долари е особено значаен за Северна Македонија, бидејќи претставува прво воспоставување на системот за електронско царинење на Царинската служба на Република Кореја во целиот европски регион, рече Лимјон Ку.

Според Ку, кој за првпат доаѓа во земјава, новиот систем не само што ќе придонесе Северна Македонија да се позиционира како балкански лидер со напреден царински систем, туку ќе претставува и инспиративен пример за цврста царинска соработка и пријателство. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Корејската царинска службаскладЦарината анализа
Претходен напис Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6
Следен напис УХМР: Најстудено во Берово -6 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?