До крајот на денов времето во нашата држава ќе биде умерено облачно и многу топло со сончеви пеориоди.
Локално ќе има позначителна облачност а попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од од 27 до 33 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде умерено облачно и многу топло со сончеви пеориоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 30 степени.
Потоа и утре попладне и навечер ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за локална појава на град, во среда пак особено од пладневните часови па натаму на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на локално НЕВРЕМЕ проследено со град.
Во четврток пак ќе има повремени локални врнежи од дожд а ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец, токму ова ќе услови и позначителен пад на температурите па така во четврток максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 15 до 23 степени.
Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски

