Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Усогласена Регулативата за целосна забрана на увозот на руски гас во ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Усогласена Регулативата за целосна забрана на увозот на руски гас во ЕУ
Агровести

Усогласена Регулативата за целосна забрана на увозот на руски гас во ЕУ

Објавено 03/12/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претставници на Данското претседателство со Советот на ЕУ и на Европскиот парламент рано изутринава постигнаа договор околу текстот на Предлог-регулативата за постепено укинување на увозот на руски природен гас во Европската Унија.

Согласно договореното, Регулативата предвидува правно обврзувачка постепена забрана за увозот на течен природен гас (ЛНГ) и природен гас од Русија во земјите на ЕУ, што ќе започне шест недели по стапувањето во сила на актот. Преодниот период до целосна забрана на увозот на ЛНГ е до крајот на 2026 година, а на природниот гас до есента 2027 година.

Според данскиот министер за клима, енергија и комунални услуги Ларс Агард, чија земја претседава со Советот на ЕУ, договорот претставува голема победа за Унијата и за цела Европа.

– Мораме да ставиме крај на зависноста на ЕУ од рускиот гас, а неговата трајна забрана е голем чекор во вистинската насока. Многу сум задоволен и горд што успеавме толку брзо да постигнеме договор со Европскиот парламент. Тоа покажува дека сме посветени на зајакнување на нашата безбедност и заштита на нашето снабдување со енергија, изјави Агард по завршувањето на состанокот.

Се проценува дека оваа Регулатива, која важи за централен елемент на иницијативата „РЕПауерЕУ“, ќе резултира со ставање крај на зависноста на ЕУ од руските енергенси, ќе има значителни ефекти врз европскиот енергетски пазар, правејќи го отпорен и независен, и воедно ќе осигура безбедност во снабдувањето со енергија на Унијата.

Регулативата предвидува целосната забрана за увозот што се врши врз основа на краткорочни договори за снабдување склучени пред 17 јуни 2025 година, да стапи во сила на 25 април 2026 година за ЛНГ и на 17 јуни 2026 година за природен гас.

Увозот регулиран со долгорочни договори ќе биде целосно забранет од 1 јануари 2027 година за ЛНГ и од 30 септември 2027 година за природниот гас. Овој краен рок би можел да биде продолжен најдоцна до 1 ноември 2027 година во зависност од исполнување на целите за полнење на складиштата за гас.

Регулативата ги обврзува сите земји членки на ЕУ да ја известат Комисијата во рок од еден месец од стапувањето во сила на Регулативата дали имаат договори за снабдување со руски гас или национални законски забрани.

Земјите членки се обврзани да изработат национални планови за диверзификација во кои ќе бидат наведени мерките за диверзификација на нивните испораки на гас и потенцијалните предизвици, со цел навремено да прекине целиот увоз на гас од Русија согласно предвидените рокови.

Посебни национални планови за диверзификација треба да подготват земјите членки кои сè уште увезуваат руска нафта, со цел да прекине и тој увоз. Регулативата ќе биде придружена со изјава на Комисијата за намерата да поднесе законски предлог за постепено укинување на увозот на руска нафта во ЕУ најдоцна до крајот на 2027 година.

Со постигнатиот договор се воведуваат и одредби за ефикасни, пропорционални и одвраќачки казни за непочитување на мерките утврдени во Регулативата, вклучително и максимален праг за казни и за компаниите и за физичките лица. Во првичниот предлог на Европската комисија не постеја вакви одредби.

Во Регулативата постои и клаузула за суспензија, која дава можност за привремено суспендирање на нејзината примена во случај на „ненадејни случувања што ја загрозуваат безбедноста на снабдувањето со енергија на една или повеќе земји членки“.

Постигнатиот договор сега ќе треба да биде одобрен од Европарламентот и Советот на ЕУ, по што Регулативата ќе стапи во сила откако ќе биде објавена во Службениот весник на ЕУ. Според најавата, Европскиот парламентот ќе гласа за усвојување на Регулативата за време на пленарната седница закажана за од 15 до 18 декември. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ЕУзабранаРегулативатаруски гасувозотУсогласена
Претходен напис (ВИДЕО) Панче Трпковски: Ова е многу добро за нас земјоделците да купуваме на рати без камата со картичките на Дајнерс
Следен напис Грчките земјоделци повторно го блокираа граничниот премин Евзони
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?