Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Франција одобри 140 милиони евра поддршка за дестилација на вино во етанол
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Франција одобри 140 милиони евра поддршка за дестилација на вино во етанол
АгровестиПазари

Франција одобри 140 милиони евра поддршка за дестилација на вино во етанол

Објавено 14/05/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По падот на побарувачката за вино поради затворање на рестораните, кафулињата и баровите како и намалениот  извоз поради дополнителните  царини од страна на САД, Франција одобри поттикнување на винарите за дестилација на виното во алкохол.

Винските задруги од Франција, Италија и Шпанија апелираа до Европската унија да  издвои 350 милиони евра за проект за дестилација на 10 милиони хектолитри вино во етанол кој би се користел за производство на хидроалкохолен гел. Со оглед на тоа дека дезинфекциските средства на пазарот се доста барани тие сметаат дека ваквата одлука за дестилација на виното со полош квалитет или оној на кој му истекува рокот на траење, би била добра.

Неодамна беше објавено дека Италијанците имаат големи проблеми поради корона висрусот, а Колдирети, најголемото земјоделско здружение на оваа земја, на Владата и претстави план за претворање на најмалку 3 милиони хектолитри евтино вино во средство за дезинфекција.

Минатиот месец Европската комисија одлучи да ги поддржи мерките за управување со корона кризата, а кои се однесуваат и на винарството, како еден од најпогодените земјоделски сектори од пандемијата.

Франција одобри поддршка во вредност од 140 милиони евра

По падот на побарувачката за вино поради затворање на рестораните, кафулињата и баровите како и помалиот извоз поради дополнителните царини од страна на САД, Франција одобри поттикнување на винарите за дестилација на виното во алкохол.

Како што соопштија на твитер министерот за земјоделство Дидиер Гиљом и минситерот за финансии Бруно Ле Мари, Владата одлучиле да се даде субвенција во износ од 140 милиони евра за дестилација на вино во етанол. Исто така, навеле ослободување при плаќање на социјален придонес за малите и средните фирми.

Барале 3,а владата одобрила средства за 3 милиона хектолитри

Сепак, овие мерки не ги задоволиле барањата на синдикатите. Францускиот национален сојуз на синдикатот на земјоделци (FNSEA) очекувал повеќе. Минатата недела побарале вкупно 500 милиони евра за помош на производителите на вино, вклучително и 260 милиони евра за кризна дестилација, со што би се опфатиле околу 3 милиони хектолитри вино.

– ” Објавен е вински план за соочување со вирусот кое опфаќа 100 процентно ослободување од плаќање на социјален надомест и средства за дестилација на 2 милиона хектолитра, што во просек е 70 евра по хектолитар, а ние баравме 3 милиони хектолитри по 80 евра за хектолитар “, напишал во понеделникот секретарот на FNSEA Џером Деспи на твитер.

Тоа значи дека Владата има во план да дестилира само два а не три милиони хектолитри како што барале од FNSEA .

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Дестилација на виноПоддршка за дестилација на виноФранција
Претходен напис Распределени се 50 фотоволтаични комплети за производство на струја на бачилата и 150 водопоила од инокс за напојување на добитокот
Следен напис Пандемијата направи пореметување на извозот и увозот на земјоделските производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?