Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почнува Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад, Северна Македонија е држава партнер
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почнува Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад, Северна Македонија е држава партнер
Агровести

Почнува Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад, Северна Македонија е држава партнер

Објавено 27/11/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од денеска до сабота во Нови Сад ќе се одржи Меѓународниот саем за туризам на кој ќе има повеќе од 250 излагачи од Србија, Северна Македонија, Црна Гора, Романија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Словенија и Русија.

Нашата држава е држава партнер на тој престижен настан.

Во следните три денови ќе бидат претставени агенции, организации, институции, здруженија, туроператори, хотели, бањи, национални паркови, осигурителни компании, јавни претпријатија, винарии и дестилерии, мали производители на храна и пијалоци.

Тие ќе обезбедат информации за угостителски и туристички објекти, сместувачки капацитети и настани, рурален туризам, природни убавини и туристички дестинации.

Меѓу значајните теми ќе биде и – рецептивниот туризам, со цел да се овозможи регионално презентирање на понудата на далечни пазари и да се доведат странски туристи во регионите на земјите од сливот на Дунав. 
Саемот за туризам во Нови Сад е во својата шеста деценија и досега помина низ неколку трансформации. Од 2022 година, тој доживува нова „младост“ во ноемвриски термин, што е резултат на добрата соработка со изложувачите и нивните желби. Тој нов термин е создаден и за новите искуства – како што Северна Македонија, како земја партнер – ги носи за време на одржувањето од 27 до 29 ноември.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Меѓународниот саемНови СадпартнерСеверна Македонијатуризам
Претходен напис Сообраќајот без застои, по влажни коловози
Следен напис Енергетски компании ја тужат ЕУ поради обврската за изградба складишта за јаглерод диоксид до 2030
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?