Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тампере и Дубровник избрани за европска престолнина и зелен пионер на паметниот туризам за 2026 година 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Тампере и Дубровник избрани за европска престолнина и зелен пионер на паметниот туризам за 2026 година 
Агровести

Тампере и Дубровник избрани за европска престолнина и зелен пионер на паметниот туризам за 2026 година 

Објавено 20/11/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската комисија ги прогласи финскиот град Тампере и хрватскиот Дубровник за победници на натпреварот за „Европска престолнина и зелен пионер на паметниот туризам за 2026 година“.  

Тампере и Дубровник се избрани од страна на Европско жири во конкуренција на 58 туристички дестинации од 22 земји, кои се пријавија за учество на натпреварот, во чии рамки кандидатите се оценуваат според четири критериуми – пристапност, одржливост, дигитализација и културно наследство. 

Како што се наведува во образложението на наградата, Тампере е избран за европска престолнина на паметниот туризам поради своите иновативни практики и високи оценки во сите четири категории.  

– Градот ги спојува пристапната култура, заштитата на наследството и природата, додека е посветен на тоа да стане јаглеродно неутрален до 2030 година. Опкружен со езера и природа, Тампере ги охрабрува посетителите и локалното население да ги доживеат неговите прекрасни пејзажи без бариери, се наведува во образложените. 

Во него се додава дека финскиот град ја отвори својата прва инклузивна плажа на езерото Пихајарви, создавајќи четири патеки во природата без бариери, со водичи и информации за рутите, а дополнително услугата за превоз со шатл-автобус во националните паркови гарантира лесен пристап до природата. 

– Дубровник го импресионираше жирито со својот пионерски пристап кон одржливоста и својот потенцијал да послужи како модел за други дестинации. Градот обезбедува одржлив раст на туризмот, а воедно го заштитува историскиот центар со иновативни мерки, како што е ограничување на бројот на дневни посетители на 4.500 и тесната соработка со локалната заедница во проектот „Почитувајте го градот“, се додава во образложените за доделување на титулата европски зелен пионер на паметниот туризам на Дубровник. 

По повод прогласувањето на лауреатите за 2026 година, еврокомесарот за одржлив транспорт и туризам Апостолос Ѕиѕикостас изјави дека туризмот е еден од најдинамичните сектори во Европа и камен-темелник на европскиот културен и економски идентитет.  

– Со инвестирање во одржливост и дигитални иновации, ние осигуруваме дека Европа останува не само водечка, туку и најодговорна туристичка дестинација во светот. Овогодишните победници ја отелотворуваат оваа амбиција, поставувајќи висок стандард за попаметен, поодржлив и поинклузивен туризам низ целата наша Унија, додаде Ѕиѕикостас.  

За тековната 2025 година, европска престолнина на паметниот туризам е италијанскиот град Торино, а европски зелен пионер е шпанскиот Бенидорм. сп/са/ 

Фото: Европска комисија 

МИА

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:2026 годинаДубровникзелен пионерТамперетуризам
Претходен напис Охрид, Северна Македонија: Историската порта што го редефинира балканскиот туризам со иновации и автентични доживувања
Следен напис Стартува исплатата на средства за мерка 112, Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?