Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026
Агровести

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026

Објавено 19/11/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска втор ден продолжи амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2026 година. Поднесени се околу 210 амандмани, а денеска беа разгледани неколку амандмани од опозицијата кои не беа прифатени.

Со амандманите се бараа повеќе средства за Министерството за европски прашања, за Министерството за односи со заедниците, за одбележување на 25-годишнината од Охридскиот договор, како и за програмата за правична и соодветна застапеност на заедниците. 

Дебатата се претвори во полемика и обвинувања меѓу опозицијата и владејачкото мнозинство за меѓуетничкиот соживот по говорот на пратеникот Фатмир Битиќи од СДСМ.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски упати критики кон говорот на Битиќи, истакнувајќи дека неговото излагање е националистички настроено. 

– Јас сум единствениот пратеник кој поднесуваше амандмани за изградба на средното училиште „Сами Фрашери“ во Куманово на албански наставен јазик. Преку своето влијание во општината и преку кадрите кои беа на раководни и се на раководни позиции од ВМРО-ДПМНЕ направивме проект, обезбедивме средства и денес училиштето се гради.  После 1983-година, гимназијата „Сами Фрашери“ ќе биде првото училиште кое ќе биде изградено во Куманово. Е така колега Фатмир Битиќи се гради соживот во Куманово, не со националистички говори, не со шовинистички говори, туку со дела видливи за сите граѓани, рече Петрушевски.

Битиќи во репликата на Петрушевски рече дека разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е во начинот на гледање на општеството. 

– Јас не ги гледам работите на ваши и наши. Сум бил вицепемиер и сум дал пари и за сала во Куманово и за училиште во Тетово и во секоја една општина. Нема вакво или онакво училиште, нема наши и ваши деца, рече Битиќи. 

Според владејачкото мнозинство, опозицијата со барањето за скратување на средства од спортот, го казнува спортот и прави злоупотреба за да добие политички поени. 

Седницата продолжува во 15:30 часот по редовната едночасовна пауза.  

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Втор денПредлог-буџетот
Претходен напис РЦУК: Пчиња се излеа кај Пелинце и Стрновац, не се зафатени куќи или викендици
Следен напис Се санираат критични точки на Пчиња во Старо Нагоричане
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?