Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стоилковиќ – Месаровиќ: Македонско-српски бизнис форум во Скопје на 3 декември, заедничка цел e стабилен и економски поврзан регион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Стоилковиќ – Месаровиќ: Македонско-српски бизнис форум во Скопје на 3 декември, заедничка цел e стабилен и економски поврзан регион
Агровести

Стоилковиќ – Месаровиќ: Македонско-српски бизнис форум во Скопје на 3 декември, заедничка цел e стабилен и економски поврзан регион

Објавено 12/11/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, денеска во Белград имаше работна средба со потпретседателката на Владата и министерка за економија на Србија, Адријана Месаровиќ. На средбата се разговараше за претстојниот македонско-српски бизнис форум што ќе се одржи во Скопје на 3 декември, за натамошното унапредување и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, за поттикнување на заеднички инвестициони проекти, како и за заеднички настап на трети пазари за што постои значителен потенцијал.

– Бидејќи наша заедничка цел е интензивирање на економската соработка и зголемување на надворешнотрговската размена, денеска остварив мошне конструктивен состанок со потпретседателката на Владата на Р Србија, г-ѓа Адријана Месаровиќ. Бројките веќе покажуваат дека оваа година, и покрај сите предизвици, економската размена ќе биде поголема од минатата, имајќи предвид дека за првите девет месеци е остварена размена од повеќе од 1,1 милијарда евра, додека во 2024 година таа изнесуваше 1,4 милијарда евра, истакна по средбата Стоилковиќ.

Тој додаде дека посетата претставува уште една потврда на континуираниот дијалог и партнерството меѓу двете земји, насочени кон стабилен, економски поврзан и европски ориентиран регион на Западен Балкан.

– Стопанствениците бараат соработка и нашата цел е да излеземе во пресрет на нивните барања и дополнително да ги поврземе. Со поддршка на претседателот на Владата на РС Македонија, Христијан Мицкоски, на 3 декември во Скопје ќе организираме голем Бизнис форум на кој ќе разговараме за понатамошно унапредување на соработката, пласман на македонските и српските производи на пазарите на двете држави, за што постојат сериозни потенцијали. Владата на Христијан Мицкоски води одговорна политика која носи конкретни резултати – стабилен економски раст, отворање на нови пазари и зајакнување на регионалната стабилност и поврзаност. Благодарение на таквите политики, нашите стопанственици ќе имаат сè повеќе можности за пласман на своите производи и услуги на други пазари, изјави Стоилковиќ.

– Нашата цел е да ја интензивираме економската соработка и да ја зголемиме надворешно-трговската размена. Бројките веќе покажуваат дека оваа година економската размена ќе биде поголема, со оглед на тоа што во првите девет месеци веќе се постигнати 1,1 милијарда евра, додека во 2024 година таа изнесуваше вкупно 1,4 милијарди евра, објави Месаровиќ на Инстаграм по средбата со Стоилковиќ.

Министерката посочи дека бизнис форумот во Скопјe ќе биде организиран со цел дополнително поврзување на бизнисмените, а со поддршка на премиерот Христијан Мицковски.

На средбата е потврдено дека соработката меѓу РС Македонија и Р Србија продолжува да се развива во духот на партнерство, доверба и заеднички интереси на економскиот и регионалниот план.

Потпретседателот на македонската Влада и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, кој престојува во официјална посета на Србија, денеска учествуваше и на конференцијата „Western Balkans 2030“. 

Конференцијата „Western Balkans 2030“, што се одржува првпат, ги собра претставниците на меѓународните, европските и регионалните институции, владите, инвеститорите и иноваторите, со поддршка на Европската инвестициска банка и Канцеларијата на ОН за проектни услуги. Средбата е организирана од списанието The Region со цел да се истакне потенцијалот на регионот да придонесе за создавање поконкурентна, одржлива и потесно поврзана Европа.

Намерата е конференцијата да се одржи и во други градови низ целиот Западен Балкан до 2030 година, како годишен форум за дијалог и соработка, каде што идеите се трансформираат во конкретни акции и партнерства.зш/са/ 

МИА

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:Иван Стиљковичмакедонијасрбијафорум
Претходен напис Фон дер Лајен: Ги обединуваме средствата за кохезија, земјоделство, рурален развој, рибарство, социјална политика во еден кохерентен план
Следен напис Утре дел од Тетово и повеќе тетовски села ќе бидат без струја
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?