До крајот на денов времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови, особено во северните предели ќе има услови за сосема ретка појава на краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер претежно од западен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 28 степени.
Во следните денови нашата територија ќе се наоѓа под влијание на претежно стабилна, сува и многу топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка. Времето ќе биде сончево и многу топло со умерена локална облачност. Повремено и локално ќе има нешто повеќе облачност. Ќе дува ветер од јужен и од југозападен правец кој повремено ќе биде и засилен по интензитет. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени, во најтоплите предели од државава до крајот на неделава температурите се очекува да се искачат и до 35 степени.
Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски

