Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тутунарите подготвени за откуп – се очекуваат до 22 милиони килограми квалитетен род и повисоки цени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Тутунарите подготвени за откуп – се очекуваат до 22 милиони килограми квалитетен род и повисоки цени
Агровести

Тутунарите подготвени за откуп – се очекуваат до 22 милиони килограми квалитетен род и повисоки цени

Објавено 11/11/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пред почетокот на новата откупна сезона, која треба да стартува за околу десетина дена, тутунарите се целосно подготвени да го предадат годинашниот род. Велат дека есенските дождови биле добредојдени, придонесувајќи и за квантитетот и за квалитетот на приносите. Очекуваат родот да достигне до 22 милиони килограми висококвалитетен тутун, а се надеваат и на повисоки откупни цени.

„Имаме капацитет да ги покриеме сите ваги кои годинава изнесуваат 337 – никогаш досега немало толку откупни ваги. Очекуваме откупот да се одвива побрзо и тутунот да биде со одличен квалитет. Со доцните дождови се продолжи вегетацијата и сигурно ќе има околу 20 милиони килограми тутун“, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Во наредните денови, најдоцна до петок, во Институтот за тутун треба да се утврдат мострите, по што веќе на 18 ноември откупувачите ќе можат да го започнат откупот. Според Ристески, прогнозите на дел од откупувачите дека годинашниот род ќе тежи околу 26 милиони килограми се нереални.

„Можам да тврдам дека тутунот ќе биде подобро платен од лани. Дополнително, со новиот Закон е воведена забрана за увоз на ароматичен тутун за време на домашниот откуп. Сè е во интерес на домашното производство и заштита на производителите“, додаде Ристески.

Непосредните тутунопроизводители, охрабрени од есенските врнежи, велат дека родот е поквалитетен и посеопфатен од лани.

„Не очекувавме вакво зголемување, но со дождовите приносот ни порасна за 10 до 15 проценти. Очекував околу 3 тона, но сега веројатно ќе имам 3,5 тони тутун. Квалитетот е значително подобар и очекуваме и повисока цена“, изјави Јусуф Ибраими, тутунопроизводител од село Житоше, Долненско.

Минатата година просечната откупна цена, заедно со субвенциите од 100 денари по килограм, достигна до 500 денари за килограм откупен тутун.

Извор -ОТВ.мк

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
Таг:милиони килограмиоткуптутунцени
Претходен напис НАЈК ПРОМ: ТРАКТОР ArmaTrac 612FG – 2WD – Моќен, Компактен, Економичен
Следен напис Сиљановска Давкова за злоупотребата на ИПАРД: Строго треба да се санкционира злоупотребата, одговорност мора да има
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?