Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Над шеесет компании од Северна Македонија и Грција учествуваа на бизнис-форумот во Стопанската комора
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Над шеесет компании од Северна Македонија и Грција учествуваа на бизнис-форумот во Стопанската комора
Агровести

Над шеесет компании од Северна Македонија и Грција учествуваа на бизнис-форумот во Стопанската комора

Објавено 08/11/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Над шеесет компании од Северна Македонија и Грција учествуваа на Бизнис-форумот што во четвртокот се одржа во Стопанската комора на Северна Македонија, организиран во соработка со Амбасадата на Република Грција во Скопје.

Настанот имаше за цел да ги продлабочи економските односи меѓу двете земји и да отвори нови можности за деловна соработка и инвестициски партнерства меѓу компаниите.

На Форумот учествуваа претставници на Атинската комора за трговија и индустрии, Грчката федерација на претпријатијата, Грчката асоцијација на извозници, Enterprise Greece и претставници на бизнис-заедницата од двете земји. Посебен акцент беше ставен на директните B2B-средби, преку кои македонските и грчките компании разговараа за конкретни можности за соработка и развој на долгорочни партнерства. Форумот собра компании од осум различни сектори – храна и пијалаци, фармација и козметика, информатичка технологија и комуникации, градежништво и градежни материјали, медицинска опрема, еколошки услуги и енергетика, металургија, транспорт и логистика.

Претседателот на Стопанската комора Северна Македонија, Бранко Азески, во своето обраќање истакна дека со потпишувањето на Преспанскиот договор размената оди во нагорна линија.

„Грција е значаен трговски партнер. Со вредност на извоз од над 280 милиони долари во 2024 година е во топ 5 извозни земји за Северна Македонија. Минатата година, остварена е вкупна трговска размена во вредност од 1,35 милијарди долари, извозот достигна 284,3 милиони долари, а увозот е 1,06 милијарди долари. Тоа доволно зборува дека со потпишувањето на Преспанскиот договор размената оди во нагорна линија и можеме да кажеме дека сме задоволни од тој процес. Во целиот изминат период македонскиот извоз бележи континуиран пораст. Во последните 5 години, со сите осцилации, просечната стапка на раст на извоз во Грција изнесува 7,5%. Македонскиот извоз во Грција е базиран на енергетскиот сектор, секторот на минерални суровини, металургија и метална индустрија, текстил и облека, примарно земјоделски производи, храна и пијалаци. Пристапот до Грчките пристаништа за македонските извозници се главната порта за интернационализација и пристап до глобалните пазари за земјата. Нема друга алтернатива за тоа. Посебно сакам да ја нагласам улогата на Амбасадата на Република Грција, која е во функција на економски партнер, што за нас е особено значајно. Политиката на политичарите, економијата на бизнисмените“, кажа Азески.

Силна поддршка за вакви иницијативи изрази и амбасадорката на Република Грција во Северна Македонија, Н.Е. Софија Филипиду, која порача дека форумот е јасен пример за тоа како две соседни земји можат да ги продлабочуваат своите економски врски во корист на граѓаните и стопанството.

„Денешниот бизнис-форум е извонреден пример за тоа како две соседни земји, кои имаат толку многу заедничко, можат да ги развиваат и продлабочуваат економските врски во корист на двете економии. Таквата силна посетеност – повеќе од 60 компании се собраа во оваа сала – е навистина охрабрувачка. Уште повеќе, фактот дека денес се закажани над 200 деловни состаноци во клучни економски сектори, покажува јасен интерес да се премине од дискусија кон конкретна акција. Овие состаноци ќе се одржат меѓу бизниси во клучните сектори на економијата, како што се градежништвото и градежните материјали, енергетиката, фармацевтската индустрија, храната и информатичката технологија. Уверена сум дека вашите дискусии и состаноци ќе бидат продуктивни и ќе дадат опипливи резултати,“ изјави амбасадорката Филипиду.

Пред присутните бизнисмени се обратија и претставници на Атинската комора за трговија и индустрии, Грчката федерација на претпријатијата и Грчката асоцијација на извозници, а беа презентирани најновите можности за инвестирање, извоз и заеднички деловни иницијативи меѓу компаниите од двете земји. 

Стопанска комора

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:бизнис-форумотгрцијаМакедонијашеесет компании
Претходен напис Саем за храна во Скопје – уникатна можност да се вкусат домашни производи и специјатлитети
Следен напис Најмногу дожд изминатото деноноќие во Пожаране и Попова Шапка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?