Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вака отстранувајте ги долните листови на доматот и ќе имате поголем род
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Вака отстранувајте ги долните листови на доматот и ќе имате поголем род
Растително производствоСовети

Вака отстранувајте ги долните листови на доматот и ќе имате поголем род

Објавено 11/05/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Невозможно е да се замисли зеленчукова  градина без домати . Доматите се растенија кои не бараат многу специфични услови  за одгледување, но за да имате добар род потребно е да знаете како да се грижите за нив во текот на вегетацијата.

Една од активностите која ќе ни помогне во тоа е отстранување на долните листови, односно листовите под првата цветна гранка. Низ развојот, се создава голема лисна маса која троши вода и хранливи материи од земјиштето. Поради тоа американските градинари многу често се сретнуваат со појавата да имаат големо растение на кое има малку плодови или тие се ситни.

Во текот на растењето, долните листови паѓаат на површината на земјата. Покрај постојаниот контакт со почвата долго остануваат влажни и доаѓа до појава на нивно пожолтување и пропаѓање. Освен тоа, спречуваат циркулација на воздухот во долните слоеви на растението. Тоа го забавува сушењето на лисната површина и површината на земјата после дождот или наводнувањето и создава поволни услови за развој на многу заболувања. Симптоми на пламеница, дамкавост или пепелница најчесто се јавуват на овие листови.

Кога да се отстрануваат долните лисја?

Отстранувањето не се врши на растенијата кои штотуку се пресадени. Доколку ги отстранете долните листови на штотуку пресадените растенија тие би можеле да престанат да растат или нивниот развој ќе биде забавен. Листовите се отстрануваат дури кога растенијата добро  ќе се вкоренат и прифатат.

На расадот  на доматите во градна или во пластениците потребно е да се реагира кога ќе се појави жолтило. Ваквите симптоми ни укажуваат дека има премногу влага, лоша циркулација на воздух, слабо снабдување на почвата со хранливи состојки, неправилна грижа за растенијата, дека дошло до промена на временските услови, на нив се покажуваат првите знаци на појава на разни болести која се шири и го зафаќа целото ратсение. Поради тоа потребно е да се отстранат. 

Листовите кои се сушат, жолтеат и на нив забележиме симптоми на заболувања или легла на јајца од инсекти и гасеници, потребно е да се отстранат без оглед на тоа каде се наоѓаат на растението. Природна појава е да се исфрлаат старите и оштетени лисја кои почнуваат да се сушат и се подложни на напад на болести.

Отстранување на лисјата  под првата цветна гранка

Некои сорти создаваат поголеми лисја кои погусто се групирани. Вентилацијата кај нив е забавена и треба да се помогне на растението, односно вишокот лисја да се отстранат. Најчесто се отстранува она од северната страна. Тоа ќе ја подобри циркулацијата и ќе го забрза испарувањето на капките джд од лисната површина. Исто така се намалува ризикот од појава на бактериски заболувања и од губиток на вода и хранливи материи за одржување на овие лисја. Растението хранливите состојки ги насочува кон плодовите.

Не треба да се отстрануваат ни сите долни лисја одеднаш туку тоа се прави во интервали и се следи појавата на било какви промени на нив. Се отстрануваат два до три долни листови во текот на една недела. Ваквото темпо нема да создаде стрес кај растението.

Некои сорти на домати се почувствителни на отстранувањето на лисните гранки под првата цветна гранка. Доколку побрзаме и прерано ја отстраниме може да дојде до негативни реакции кои ќе се одразат на намален број формирани цветни пупки – цветови или нивното формирање во целост да застане. Поради тоа со отстранување на лисните гранки под цветот на доматот треба да се почека кога ќе се формираат малечки плодови.

Долните листови се отстрануваат нежно од растението за да не се создадат големи рани кои би биле влез за многу предизвикувачи на растителни болести и штетници. Се работи наутро кога е суво и сончево. Во текот на денот раните на стеблото од откинатиот лист ќе се исушат и побрзо ќе зараснат.

Извор : Агроклуб.ба

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Нега на чапунките кај молзните крави
Таг:ГрадинарстводоматиОдгледување на домати
Претходен напис Јагоди има, но нема кој да бере – британските производители во страв
Следен напис АХВ: Да се вакцинираат живината и гулабите против болеста Њукастел
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?