„Би можело да се каже дека состојбата со сезонските работници е под контрола но никогаш не знаете кога некој од нив ќе се разболи па на крај сите ќе мораат во самоизолација. И кој ќе биде тогаш ангажиран за берба на плодовите“?, загрижено се прашуваат производителите.
Сезоната на јагоди е во тек, но, британските производители се во голем страв. Овошје има, приносите се одлични, но поради пандемијата на корона вирусот, нема доволно работна сила, пишува Фреш плаза.

– „Веќе сме во полн ек на бербата, а наскоро ќе созреат и малините и капините. Би се рекло, времето е погодно и имаме многу добар род“ изјави Крис Роус од производната организација Асплинс.
Но, секако не може се во земјоделството да тече мазно. „ Кога имате доволно, дури и премногу работна сила, тогаш недостасуваше род и се јавувше вишок на луѓе. А сега кога родот е одличен, работниците поради ситуацијата со Ковид-19 не се во можност да дојдат“, појаснува Роус.
Најмногу има работници од источна Европа кои пристигнаа пред затворањето на границите
– „ Би можело да се каже дека сосојбата со работниците е под контрола, но никогаш не знаете кога некој од нив ќе се разболи па на крај сите ќе морате во самоизолација. И кој тогаш ќе оди на берба“ , загрижено прашува Крис.
Моментално во полето, како што вели, има најмногу работници од источна Европа кои во Британија дојдоа пред затворањето на границите а се надеваат дека владата наскоро ќе дозволи влез и на други. Мерките на социјална оддалеченост ги решиле така што сите нивни работници се поделени во кампови кои се оддалечени едни од други.
Но, сепак проблем имаат со своите домашни работници.
-„ Поголемиот број од нашите луѓе кои бараат работа живеат далеку од фармите и не им е практично секој ден да патуваат. Иако многу луѓе се заинтересирани, па дури и студенти, доста од нив се откажуваат кога ќе слушнат колку се платени и дека секој ден ќе мораат да патуваат“, признава Роус.
Побарувачката за овошје е се поголема
Иако продажбата на овошје во почетокот падна, ситуацијата се враќа под контрола и побарувачката расте.

– „Луѓето одат поретко во продавниците, можеби само еднаш неделно и купуваат повеќе работи. Очекуваме дека ќе продадеме повеќе поголеми пакувања од 600 и 800 грама, отколку оние од 400 гр на кои навикнавме. Голема среќа е што не е така топло додека ги береме па може подолго да стојат“ , вели Крис.
Последниве неколку години трендот на здрава исхрана е се попопуларен и овошјето се повеќе се купува. Проблем претставува тоа што не работат рестораните и другите угостители кои им беа големи и важни купувачи на производителите. Нo, како што ситуацијата се повеќе се смирува и тоа наскоро би можело да се промени.
