Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мило Ѓукановиќ во „Бизнис-клуб плус“: „Македонскиот бизнис имаше солидна основа и треба да го продолжи својот развој“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мило Ѓукановиќ во „Бизнис-клуб плус“: „Македонскиот бизнис имаше солидна основа и треба да го продолжи својот развој“
Агровести

Мило Ѓукановиќ во „Бизнис-клуб плус“: „Македонскиот бизнис имаше солидна основа и треба да го продолжи својот развој“

Објавено 06/11/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб плус“ гостин на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески е Мило Ѓукановиќ, поранешен премиер и претседател на Црна Гора, стопанственик и клучна фигура во процесот на државно осамостојување и на европска интеграција на државата. Разговорот беше посветен на економските и на политичките предизвици со кои се соочи Црна Гора по распадот на поранешна Југославија, како и на патот кон стабилна економија и кон евроатланските структури, што претставува значајно сведоштво за улогата на политичката визија во економската трансформација и за важноста на соработката со деловната заедница во создавањето конкурентна и стабилна држава.

Ѓукановиќ истакна дека неговата почетна професионална амбиција била поврзана со водењето бизнис, но неговиот животен пат, поради историскиот контекст и политичките околности, го насочил кон политиката. На само 29 години, во 1991 година, бил избран за премиер на Црна Гора, станувајќи најмладиот премиер во Европа во тој момент. Во следните децении извршувал повеќе премиерски и претседателски мандати обележани со клучни реформи, стабилизација и со стратешки меѓународни интеграции: поднесувањето на апликацијата за членство во Европската Унија, визната либерализација, како и потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација и за членство на Црна Гора во НАТО.

Како еден од најдобрите студенти во својата генерација на студиите по туризам на Факултетот за економија во Подгорица, Ѓукановиќ постојано ја нагласува важноста на економскиот развој и на силното стопанство. Притоа, редовно консултирал лица кои имале знаење и искуство во водењето бизнис, особено туристички бизнис, за да обезбеди стратегиски насоки за развој на економијата. Во 2010 година, во Рим, заедно со тогашниот италијански премиер Силвио Берлускони, ја потпишал Спогодбата за стратешка соработка, со што Италија станала стратешки инвеститор во Црна Гора.

Одговарајќи на прашањето на претседателот Азески за пораката до младите бизнисмени, Ѓукановиќ истакна: „Македонските бизнисмени имаа одличен темел и мора да го продолжат својот развој и во сопствената земја и во регионот. Во основната идеја која мора да го води бизнисот се конкурентноста, ориентацијата и подготвеноста за отворени пазари и изборот на одговорна влада која ќе ги води процесите напред.“

Ѓукановиќ е основач е на пет приватни компании и бил акционер во повеќе инвестициски субјекти, што ја потврдува неговата долгорочна поврзаност со бизнис-секторот.

Како човек кој успеал да ги сочува мирот, стабилноста и мултиетничкиот карактер на Црна Гора и да ја обнови црногорската независност, тој е носител на повеќе награди и признанија, меѓу кои: Медал за мир во светот од Меѓународната асоцијација на светските едукатори; признанието „Личност на годината“ од сараевскиот весник „Дневни аваз“ и од весникот „Независне новине“; Признанието за хуманизам на Интернационалната лига на хуманисти и на Повелбата на Европскиот центар за мир од Универзитетот за мир на Обединетите нации.

Стопанска комора

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бизнис-клубМакедонскиот бизнисМило Ѓукановиќразвој
Претходен напис Трипуновски: Пчеларството е повеќе од производство на мед, тоа претставува грижа за природата, за земјоделството и за нашата иднина
Следен напис Николоски и Караџов: Се исполнува сон на многу генерации, потпишан договор за железничкиот тунел на Коридор 8
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?