Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бизнис форум Грција – Северна Македонија во Стопанската комора
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бизнис форум Грција – Северна Македонија во Стопанската комора
Агровести

Бизнис форум Грција – Северна Македонија во Стопанската комора

Објавено 06/11/2025
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Повеќе од 60 компании од Грција и Северна Македонија се собраа денеска во Стопанската комора на Северна Македонија на Бизнис форум на високо ниво наменет за продлабочување на економската соработка. Настанот, ко-организиран од Грчката амбасада во Скопје и Стопанската комора на Северна Македонија, овозможи повеќе од 200 B2B (бизнис-до-бизнис) средби, информираа од Амбасадата на Грција во Скопје.

Форумот го отворија Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија и Софија Филипиду, амбасадорка на Грција.

Амбасадорката Филипиду нагласи дека овој форум претставува извонреден пример за тоа како две соседни земји, кои имаат толку многу заедничко, можат да ги развиваат и продлабочуваат економските врски во корист на двете економии.

Високата посетеност и значајниот број на денешните B2B средби јасно укажуваат на интересот да се премине од дискусија кон конкретни акции, наведуваат од Амбасадата на Грција.

Грчката делегација ја сочинуваа високи претставници од Атинската стопанска и индустриска комора (ACCI), Хеленската федерација на претпријатија (SEV), Асоцијацијата на грчки извозници (SEVE) и „Enterprise Greece“. Грчките компании што учествуваа на форумот претставуваа клучни економски сектори, меѓу кои градежништво и градежни материјали, енергетика, фармацевтски производи, храна и информатичка технологија.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:бизнис форумГрција - Северна МакедонијаСтопанската комора
Претходен напис Kit-Go и Viva Fresh Store заедно со своите партнери ја започнуваат најголемата бенифициска програма за своите вработени!
Следен напис Трипуновски: Пчеларството е повеќе од производство на мед, тоа претставува грижа за природата, за земјоделството и за нашата иднина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?