Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Подготвен Предлог-закон за социјални претпријатија, следната година се очекува да биде донесен
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Подготвен Предлог-закон за социјални претпријатија, следната година се очекува да биде донесен
Агровести

Подготвен Предлог-закон за социјални претпријатија, следната година се очекува да биде донесен

Објавено 06/11/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Подготвен е Предлог-закон за социјални претпријатија кој ќе биде доставен до Владата, а во првата половина од следната година се очекува да ја помине собраниската процедура и да биде усвоен. 

Целта на законот е да се создаде правна, институционална и финансиска рамка за развој на социјалните претпријатија и да им се помогне на младите да станат активни чинители во општеството. 

– Законот е многу важен бидјеќи ги препознава сите ранливи категории, а особено младите до 29 години, самохраните родители, лицата со попреченост и другите ранливи категории како учесници и двигатели на промените во општеството. Сите овие категории на граѓани ќе имаат отворена врата за да отворат социјалните претпријатија, изјави денеска заменик -министерот за труд и социјална политика Фатмир Сабриу пред почетокот на форумот за социјално претприемништво што се одржува во Скопје. 

Форумот е заокружување на проектните активности на Регионалниот инкубатор за социјални претприемачи (RISE), поддржани од Француската агенција за развој (AFD), Европската унија, Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Француско-германската канцеларија за млади (FGYO)

Преку проектот RISE поддржани се 850 млади лица од Западен Балкан од 2019 година досега. Од нив, 135 тимови се финансиски поддржани со по две илјади евра за да ја развијат својата идеја во бизнис. Има е еден тим од Северна Македонија кој веќе развива успешна бизнис приказна и кој ќе добие уште пет илјади евра финансиска поддршка за да го доразвие бизнисот и да се регионализира. 

– Проектот RISE, кој трае од 2019 година досега има цел да ги поддржи младите претприемачи од целиот регион на Западен Балкан не само со финансиски средства, туку и со целосно менторска поддршка. Од 2019 година досега имаме поддржано над 850 млади кои биле вклучени во програмата, а со грантови од две илјади евра се поддржани 135 тимови на млади. Тоа беше иницијална поддршка, а подоцна со менторите ги поддржувавме и сега најголем дел од нив се успешни. На овој настан ја даваме и наградата на тим кој е избран од Северна Македоија како успешна приказна и нив со дополнителни пет илјади евра им помагаме да го доразвијат бизниот и да го регионализираат,  да продолжат со својата мисија, изјави Владимир Ѓорѓевски, директор на локалната подружница на RYCO во Скопје. 

МИА

Може да ви се допадне

Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Таг:Предлог-законсоцијални претпријатија
Претходен напис Агенцијата за храна и ветеринарство заплени небезбедна храна со непознато потекло
Следен напис Царинска управа: Во извештајот на ЕК е нотиран висок напредок во областа на Царинска унија со која раководи Управата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?