Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од понеделник почнува „Технома 2025“ со фокус на одржливите решенија и технолошките иновации
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од понеделник почнува „Технома 2025“ со фокус на одржливите решенија и технолошките иновации
Агровести

Од понеделник почнува „Технома 2025“ со фокус на одржливите решенија и технолошките иновации

Објавено 24/10/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Под мотото „Вклучи одржливи навики“ од понеделник до четврток во спортската сала „Борис Трајковски“ ќе се одржува Меѓународниот саем за енергетика и технологија „Енерго – Технома 2025“. Годинава, саемот ќе обедини повеќе од 40 реномирани изложувачи од државава и регионот, а главниот фокус ќе биде ставен на одржливите решенија, технолошките иновации и придобивките. 

Саемската манифестација ќе се одвива на површина од 2.500 метри квадратни, а изложувачите ќе презентираат производи и технологии од различни индустриски сектори, вклучувајќи енергетски постројки и опрема, системи за греење и ладење, соларна енергија, хибридни технологии, трансформаторски и климатизациски решенија, како и иновации од областа на роботиката и интелигентните системи.

Во текот на четирите дена ќе бидат организирани и над 20 стручни презентации и практични демонстрации, а дел од саемот се и младите иноватори од техничките факултети, кои ќе се претстават со нивните иновативни решенија. 

Според организаторите, саемот претставува одлична можност за промоција на најновите енергетски ефикасни производи и за остварување контакти и добивање директен фидбек од посетителите.

– Годинава „Енерго-Технома 2025“ ќе го надмине форматот на класичен саем, на едно место ќе се соединат иновациите, науката, индустријата и јавноста. Саемот ќе понуди многу повеќе од изложбени штандови, ќе понуди идеи, партнерства и инспирација за иднината. Посебно сме горди што годинава ставаме акцент на одржливите решенија и вклучувањето на младите иноватори во целата манифестација, изјави Даниела Глигоровска, извршен директор на „Скопски саем“, на денешната средба со новинарите.

Една од темите за кои ќе се разговара е и циркуларната економија. Ќе има пет панели на кои ќе бидат прикажани македонскиот позитивни примери и позитивни примери од регионот, а ќе се разговара и за пристапот до финансии. 

– Воведувањето на циркуларноста не е процес којшто започнува од некоја далечна иднина. Може да започнеме од самата фаза на креирање на производот и да ги одбереме токму оние ресурси кои имаат можност да се рециклираат. Така што секој чинител во економијата треба да започне тука, сега и веднаш – да види каков тип на ресурси користи и дали може да ги замени за друг тип на ресурси кои што се циркуларни, вели Александар Стамболиев од EIT Community Hub – Бизнис акселератор УКИМ.

Добар дел од големите компании, како што посочи, веќе применуваат сериозна циркуларност во нивното работење. 

Покровител на саемот е Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Најавено е присуство на министерката за енергетика Сања Божиновска на официјалното отворање на саемот во понеделник во 18 часот. 

Само во понеделник саемот ќе биде отворен од 13 часот, а останатите денови од 10 до 18 часот.. Последниот ден ќе биде отворен до 17 часот. 

Саемот се одржува втора година по ред откако имаше пауза за време на Ковид кризата, а претходно се одржуваше на просторот на поранешниот Скопски саем.

МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:одржливите решенијатехнолошките иновацииТехнома 2025
Претходен напис Од домашно прозводство покриена 93.2 % од потрошувачката на струја во август
Следен напис Таксата за јаглероден диоксид ќе влијае врз крајната цена на производот, но компаниите веќе размислуваат како да се справат со тоа, велат од МАМЕИ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?