Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Атанасов: Драстично намалена бруцелозата кај крупниот добиток
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Атанасов: Драстично намалена бруцелозата кај крупниот добиток
АгровестиСточарско производство

Атанасов: Драстично намалена бруцелозата кај крупниот добиток

Објавено 08/05/2020
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Околу 18 милиони евра потрошила државава од 2008 година досега за справување со бруцелозата. Болеста кај добитокот се уште ја има, но пристапот на сузбивање е сменет поради што се очекува максимално прочистување, па и целосно искоренување.

Според проценките на надлежните, по 2021 година може да се очекува сериозно намалување на бруцелозата кај овците и козите.

Како што вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов во разговор за МИА, направена е регионализација за реално согледување на состојбите и поефективно делување, нo и промена во програмата за искоренување на болеста. Сега, покрај вакцинација на овците и козите која до 2019 година се вршеше во одредени општини без земање крв за дијагностика, се спроведува и дијагностика со земање крв за лабораториско испитување.

-Во 2021 година може да се очекува максимално прочистување на бруцелозата кај говедата. Веќе бележиме значителен напредок. Ако тргнеме од 2010 година кога имало 663 заболени грла, а лани биле 140, ќе видиме дека намалувањето на бројката е за скоро четири пати. Во 2014 година бруцелоза имале 514 говеда, во 2016 вкупно 433, во 2017 биле болни 348, а во 2018-ма 305, истакнува Атанасов.

Според него, лани бруцелоза кај говедата е евидентирана во само 30 од вкупно 17.196 одгледувалишта. Со регионализацијата, точно се знае каде и колку е болеста застапена.

Најпроблематични се пелагонскиот и вардарскиот регион.

-Во источниот регион нема воопшто позитивни грла, а во југозападниот, југоисточниот и североисточниот има само по едно одгледувалиште со бруцелоза. Во Полошко бруцелоза е регистрирана во две одгледувалишта, во секое болно е по едно грло. Во скопскиот е дијагностицирана во три одгледувалишта со вкупно 13 заболени грла. Проблематични остануваат пелагонискиот регион со 14 одгледувалишта кај кои има бруцелоза и вардарскиот со осум одгледувалишта. Причината за ваквата состојба е најверојатно движењето на животните од едно во друго одгледувалиште (купопродажба). Има и одгледувалишта каде болеста постојано се појавува. Такви се 30. Значи, веќе знаеме каде е критичната точка и каде да се насочиме. Сепак, се надевам дека од оваа година, полека ќе бидеме ослободени од бруцелоза кај говедата зашто реално, болеста може да се искорени, потенцира директорот.

Во однос на ситниот добиток – овци и кози, ситуацијата е поинаква. Треба да се спомне и фактот, како што наведува Атанасов, дека поради бруцелозата губиме многу и во однос на откупната цена на јагнето – околу 4,5 милиони евра годишно.

По региони, најмногу бруцелоза има кај овците и козите во Полошко.

– Во 2008 година кога е почната програмата со вакцинирање сме имале 16.052 болни грла, во 2017 година биле 448, во 2018-та 373, а во 2019-та 1.906 овци. Лани имавме поголем број позитивни грла во Полошко поради што и забележавме преку 1.000 болни грла. Минатата година бројката на болни е поголема зашто во општините во кои достогаш само вакциниравме, почнавме во исто време и да вакцинираме и да земаме крв за лабораториско испитување. Мислам дека годинава нема да имаме толкава бројка, можеби ќе биде до максимум 1.000, но во 2021-ва ценам дека веќе ќе влеземе во друга фаза на сузбивање. Знаеме дека болеста се појавува во 170 од вкупно 6.696 одгледувалишта. Тие се веќе таргетирани. Значи, нема да бидеме расплинати во делувањето, туку напротив, фокусирани и ефикасни, вели Атанасов и најавува дека ќе продолжи вакцинирањето на младите грла во стадата каде што имало бруцелоза, но и земањето крв од постарите грла.

АХВ до крајот на годинава планира да го развие системот за електронско следење на движењето на добитокот од одгледувалиштата преку електронското издавање на ветеринарно-здравствен сертификат. Ако некое одгледувалиште не ги исполнува соодветните услови (има некаква болест кај добитокот), системот автоматски нема да дозволи издавање здравствно-ветеринарен сертификат (одобрение/доумент за движење). Системот целосно би профункционирал од 2021 година.

-Стартувавме со коњите. Сега се оди со тестирање на системот за свињите, но постепено ќе се направи да важи за сите видови фармски животни, информира директорот.

Во однос на бруцелозата кај луѓето, бројките се драстично намалени. Најмногу заболени имало во 1992 година кога биле регистрирани 922 случаја, во 2008 година биле регистрирани 490, а во 2019 само 15.

-Трошоците во хуманата и ветеринарната медицина покажуваат интересни податоци. Во 2008 година за лекување пациенти со бруцелоза се потрошени 340.000 евра, додека во 2018 година 7.500 евра. Ветеринарната медицина, пак, за лекување на добитокот во 2008 година, кога е почната вакцинацијата, потрошила 2,86 милиони евра, а во 2018 година 1,37 милони евра, информира Атанасов.

Тој се осврнува и на состојбата со туберкулозата кај говедата.

-Во 2019 година болеста е дијагностицирана на 16 фарми каде вкупно биле позитивни 38 говеда. Зафатени биле седум фарми со вкупно 26 болни говеда во пелагонискиот регион, четири фарми со вкупно 5 болни говеда во Полошко и пет фарми со вкупно седум болни говеда во североисточниот регион. Во Вардарскиот, Источниот, Југозападниот, Југоисточниот и Скопскиот регион туберкулозата не е дијагностицирана. Од осум региони туберкулозата е присутна во три региони. Оваа моментална слика на присутност на болеста на територијата на државата дава надеж дека со добро осмислени активности и правовремено преземање мерки во раното откривање и спречување на ширење на болеста, можеме да се надеваме дека во блиска иднина ќе бидеме земја со статус слободни од ова зооноза, подвлекува директорот на АХВ.Сподели ја веста:

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:ахвБруцелозаЗоран Атанасов
Претходен напис Ни доаѓаат МНОГУ ПОТОПЛИ денови – детали
Следен напис Албанскиот министер за земјоделство тври дека мерките за помош не се потребни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?