Откако ќе заврши бербата на културите и целата жетва ќе биде отстранета од земјата, се сведува на есенска обработка. Есенската обработка на почвата е битна и има пресудно значење со цел создавање на поволни услови за развој на следниот посев и постигнување на високи приноси. Таа треба да биде навремена и квалитетно извршена.
Примарната улога на есенската обработка е да ја доведе почвата во состојба да може да ги прими и зачува зимските врнежи, и да го олесни подготвувањето на почвата пред сеидба за културите што треба да се посеат напролет, исто така таа е еден од начините за внесување на основните елементи во почвата преку ѓубрење на почвата. Дополнително, ја подобрува аерацијата на почвата, што е од витално значење за здравјето на корените и целокупниот раст на растенијата.
Длабочината на обработка на почвата зависи од видот на почвата и барањата на поединечни култури. За потешките типови почва што ги обработуваме, длабочината се движи од 20-40см. Со оваа земјоделска техника придонесуваме и за елиминирање односно контрола на плевелите, а со правилното внесување на растителни остатоци, влијаеме и на намалување на штетните инсекти и болести што презимуваат во почвата.
Со есенската обработка на почвата како агротехничка мерка се овозможува ефикасно вградување на органски материјали и ѓубрива во почвата, подобрувајќи ја нејзината плодност и обезбедувајќи максимална жетва.
Извор: УХМР
