Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прогноза на бугарските аналитичари: Подобри цени на зеленчукот и поголемо производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Прогноза на бугарските аналитичари: Подобри цени на зеленчукот и поголемо производство
АгровестиПазари

Прогноза на бугарските аналитичари: Подобри цени на зеленчукот и поголемо производство

Објавено 07/05/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бугарските аналитичари велат дека по економските шокови се очекува да се зголеми производството на зеленчук од страна на малите производители. Економските превирања предизвикани од пандемијата на коронавирус може да доведат до необична ситуација во производството на зеленчук во повеќе земји.

Можно е во наредните недели да забележиме истовремено зголемување на производството и повисоки набавни цени во секторот. Ова стана јасно веднаш штом беше направена  новата месечна анализа на Центарот за земјоделски економски истражувања (ЦАПА).

Оваа година, експертите на ЦАПА очекуваат зголемување на цените на основниот зеленчук. Повисоките цени на зеленчукот и стравувањата од последиците на СОВИД-19  ќе доведат до зголемување на домашното производство и на помалите фарми.

Тековната прогноза на ЦАПА е дека  во 2020 година во Бугарија , количеството на  собрани домати  ќе биде околу 155 илјади тони, краставици – 74 илјади тони, и пиперки – 62 илјади тони, а периодот   јуни -јули ќе биде клучен за жетвата во полето.

За споредба, статистиката на  бугарското Министерството за земјоделство и храна покажува дека во 2019 година земјава произвела околу 145 илјади тони домати, 73 илјади тони краставици и 63 илјади тони пиперка. Забележан е пад на доматите за околу 2% на годишно ниво.

Постои уште едно зголемување и тоа кај  краставиците, кои во 2018 година забележаа раст од 37% на годишно ниво, а во 2019 година се зголеми за уште 10%. Пиперките, исто така, постепено ја враќаат својата позиција по постојаниот пад во последната деценија и жетвата сега  е за 20% поголема до 2018 година.

Цените на големо во вториот квартал од годината, според проценките на ЦАПА, ќе се стабилизираат.

Европскиот сектор на одгледувачи на зеленчук и овошје вели дека трошоците пораснале за 500 милиони евра месечно како резултат на пандемијата.

Само за пакување на произведениот зеленчук трошоците се  за 0,05 Еур / кг. повисоки, па дури се зголеми и цената  за транспортот . Во комбинација со недостиг од работна сила, состојбата се влошува, што ќе влијае на цените и ќе го оправда барањето за  итна европска помош за земјоделдтвото.

Големопродажните цени на доматите во ЕУ од почетокот на годинава се за 12% повисоки од просечните цени во последните 5 години. Според ДГ Агри, во март биле 1,20 евра/килограми, а во април 1,16 евра / килограм.

Во април, цените на благите пиперки во ЕУ продолжија да одржуваат високо ниво на цената под притисок на генералниот пораст на цените на зеленчуците и послабата понуда поради недостаток на градинарско производство. Цените на големо во Шпанија се околу 1,55 евра / килограм, што представува намалување за 16% во однос цените од пред еден месец.

Во трговијата на големо, цените на благите пиперки  и во Турција нагло се зголемија  и тоа од 1,21 долар / кг на крајот на март на 1,60 долари / кг. Цените ќе се намалат во наредните недели, но не се очекува да паднат под 0,50 евра/ кг и тоа во екот на бербата.

Цените на големо на краставици се намалени кај скоро сите главни производители во април, според www.tridge.com. Во Шпанија и Холандија, цените се меѓу 0,40-0,70 евра / кг – околу 22%  бележат пад за тековниот  месец.

Извор :Агрибг

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бугаријаБугарски аналитичариПовисоки цениПоголемо производство на зелечукЦАПА
Претходен напис Комплетно чистење и дезинфекција пред повторно отворање на угостителските објекти
Следен напис Mодернизација на градскиот зелен пазар во Крива Паланка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?