Времето во текот на денешниот ден во нашата држава ќе биде сончево со умерена локална облачност. На повеќе места ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец кој најизразен ќе биде Долж Повардарието и на истокот (повремено со брзина од над 65 км/час).
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ветровито со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, максималната дневна температура денес се очекува да се искачи до околу 18 степени.
Потоа во следните денови ќе продолжи периодот на стабилно и на се потопло време. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на пораст, особено топло ќе биде во текот на следната недела кога во најтоплите предели од државава температурите на воздухот се очекува да се искачат до околу 30 степени.
Поволните временски услови поволно ќе влијаат на земјоделските култури и ќе бидат добредојдени за производителите кои ќе можат да ги извршуваат своите земјоделски работи.
Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски

