Научниците од Универзитетот во Нагоја открија дека, како одговор на побарувачката на азот во листовите, растенијата произведуваат хормон кој патува од листот до коренот за да го поттикне внесот на азот од почвата. Овој хормон се произведува во листот тогаш кога на ратението му недостига азот, а делува како сигнал кој ги регулира потрошувачката и снабдувањето со азот помеѓу младото растение и коренот. Ова откритие неодамна беше објавено во списанието Nature Communications.
Азотот е неопходен за растење на растенијата и многу важен елемент за посевите. Коренот на растението од земјата зема азот во облик на нитрати, а колку азот ќе му треба на растението зависи од неговата фаза на развој. Колку што се поголеми листовите и стеблото толку повеќе азот му треба на растението.
Истражувачкиот тим проучувал како коренот на растението знае колкава е потребата од азот. Така го открија хормонот CEPDL2 и тоа во жилите на листот кој се произведува многу брзо и во големи количини тогаш кога на листот му недостига азот и се движи од листот до коренот.
Спротивно на тоа научниците докажале дека кај растенијата кај кои е уништен овој хормон листовите остануваат мали и тоa во подоцниот период од развојот кога на растението му треба многу азот, што значи дека растението не може правилно да се развива без овој хормон.
Денес кога насекаде во светот се користи премногу азотно ѓубриво и поради кое доаѓа до загадување на околината и зголемување на цената на храната се поставува прашањето што ако растенијата би можеле сами да си го регулираат внесот на азот?
Научниците од Универзитетот во Nagoja го пронајдоа клучот за овој проблем.
„Со зголемување на протокот на овој хормон растенијата би можеле поефикасно да го апсорбираат азотот ,со што на крајот би можела да се намали потребата од вештачки ѓубрива“ објаснува професорката Jošikatsu Matsubajaši од Универзитетот во Нагоја.
Извор: Агромедиа
