Италија планира да издава работни дозволи на илјадници илегални мигранти, за да им се помогне на земјоделците да се изборат со епидемијата на Ковид 19.
Имено, тоа е затоа што пандемијата го прекина дотурот на евтина работна сила од странство, изјавува политички извор, пренесува Ројтерс.

Овој чувствителен политички потег, за кој порано известуваа италијанските медиуми, веднаш го осуди десничарскиот лидер на опозицијата Матео Салвини, чија партија Лига својот успех го заснова на силната антимигрантска платформа.
Стручњаците за земоделство предупредуваат дека Италија ќе мора да фрли огромни количини на овошје и зеленчук, бидејќи ќе нема кој да ги набере, а приливот на сезонски работници за работа на земјоделските површини е запрен во февруари поради епидемијата на корона вирусот.
Министeрката за внатрешни работу Лучијана Ламоргезе подготвена е да понуди привремени дозволи за околу 200.000 илегални мигранти кои моментално се без работа или работата во сивата економија, за да работат во земјоделието, изјавил за Ројтерс извор од министерството.
Tanjug
