Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во понеделник српските земјоделци излегуваат на протести во Нови Сад
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во понеделник српските земјоделци излегуваат на протести во Нови Сад
Агровести

Во понеделник српските земјоделци излегуваат на протести во Нови Сад

Објавено 12/09/2025
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделци од шест здруженија во Србија најавија дека ќе започнат протест в  понеделник, 15 септември напладне, со трактори пред зградите на Владата и Собранието на Војводина поради неисполнети претходни барања за гориво, кредити и долгови кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО).

Претседателот на Иницијативата за опстанок на српските земјоделци, Горан Филиповиќ, за агенцијата Бета изјави дека кон неисполнетите барања од претходните договори со Министерството за земјоделство, додале и барање за помош од 300 евра по хектар за регистрирани обработливи и овошни насади во системот е-аграр.

Како што изјави, протестот ќе започне напладне и ќе трае еден ден, а во случај државата да не ги исполни нивните барања во рок од десет дена, тие ќе продолжат со протестите, а ги повикаа граѓаните да ги поддржат.

Одлуката за протестот беше донесена синоќа.

Филиповиќ рече дека состојбата во земјоделството е неодржлива и дека сушата уништила од 50 до 100 проценти од родот на пченка и соја, како и други култури и овошје, и дека Министерството за земјоделство „молчи“.

Тој исто така истакна дека земјоделците повеќе нема да започнуваат разговори со надлежното министерство, бидејќи не го почитуваат договорот.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Нови Садпонеделникпротестисрпските земјоделци
Претходен напис Цената на златото се поблиску до рекордно ниво, европските берзи без јасен тренд
Следен напис Времето денеска ќе биде сончево и топло, од утре дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?