Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Потпретседателот на ЕБОР во прва официјална посета на земјата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Потпретседателот на ЕБОР во прва официјална посета на земјата
Агровести

Потпретседателот на ЕБОР во прва официјална посета на земјата

Објавено 12/09/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Матео Патроне, потпретседател за банкарство во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја посети Северна Македонија на 10 и 11 септември, во неговата прва официјална посета на земјата, по именувањето на оваа функција.

За време на посетата оствари средба со Премиерот Христијан Мицкоски, Министерката за финансии и Гувернер на ЕБОР, Гордана Димитриеска Кочоска и Министерот за транспорт, Александар Николоски.

Господинот Патроне потпиша и три финансиски договори со клиенти во приватниот сектор. Еден од нив е договор во износ од ЕУР 20 милиони од Програмата за споделување на ризикот, потпишан со ПроКредит Банка Македонија (ПКБМ), кој е прв договор од овој вид со ПКБМ и втор во земјата. Со овој финансиски инструмент ПКБМ ќе го сподели ризикот со ЕБОР на определени изложувања кон клиентите, каде ЕБОР ќе даде гаранции до 50 отсто од определеното портфолио. Оваа структура ќе и овозможи на ПКБМ, да се стекне со придобивки од ограничувањата на капитал и лимитите на изложување, со што ќе се зајакне капацитетот на поддршка на локалните бизниси.

Како дел од тековната поддршка на ЕБОР, за развој на приватниот сектор во одделот за производство и услуги на Западен Балкан, господин Патроне ја потпиша третата транша од Договорот за кредит со Варус ДООЕЛ, ексклузивен дистрибутер на фармацевтски и хемиски производи на Мерк во Северна Македонија и Косово, и хемиски производи во Албанија. Новите средства ќе се користат за финансирање на аквизицијата на дополнително земјиште, за да се оптимизира логистиката и  за реновирање на  административните капацитети на компанијата. Инвестицијата е дел од поголем финансиски пакет во вредност од ЕУР 4,6 милиони, од кои ЕУР 2,4 милиони се ново финансирање и се насочени во поддршка на развојот на компанијата, за изградба на нов логистички и магацински центар, и надградба на постоечката инфраструктура. Варус, преку нејзината подружница Бионика Фармацеутикалс, е исто така активна во производство и дистрибуција на лекови,  додатоци во исхраната, медикаменти во слободна продажба, медицински помагала и козметика, и соработува со ЕБОР од 2021 година.

Банката продолжува да ја поддржува конкурентноста на клиентите во прехранбениот и земјоделскиот сектор, преку поддршка на Макпрогрес ДОО Виница. Шпаркасе банка ќе обезбеди до ЕУР 2,5 милиони кредит за локалниот производител на храна, со гаранција од ЕБОР до ЕУР 1,25 милиони преку Програмата за споделување на ризикот. Финансирањето ќе се искористи за поддршка на потребите на Макпрогрес за обртен капитал, овозможувајќи и на компанијата да ја имплементира стратегијата на раст и да продолжи да придонесува во развој на локалната економија.

По завршувањето на посетата, господин Патроне изјави: ,,Нашиот ангажман во Северна Македонија ја потврдува улогата на ЕБОР како клучен партнер на Западен Балкан. Посетата обезбеди можност за формализирање на неколку значајни договори и водење на конструктивен дијалог со владините претставници. Преку зајакнување на врските во јавниот и приватниот сектор, продолжуваме да го поддржуваме растот на земјата кон одржлив и инклузивен економски развој.”

Од 1993 година, кога Северна Македонија стана членка на ЕБОР, Банката има инвестирано над ЕУР 3 милијарди во 205 проекти во земјата, вклучувајќи ЕУР 151 милиони во 13 проекти во 2024 година.

Европска банка за обнова и развој

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ЕБОРофицијална посетаПотпретседателот
Претходен напис УХМР: Во недела и понеделник нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
Следен напис Цената на златото се поблиску до рекордно ниво, европските берзи без јасен тренд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?