Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Единствената земја во светот каде нема комарци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Единствената земја во светот каде нема комарци
Магазин

Единствената земја во светот каде нема комарци

Објавено 08/09/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Студената и океанска клима, со релативно благи зими и студени лета, а сето тоа, како и недостатокот на стоена вода во оваа островска земја прават Исланд да биде единствената земја во светот без комарци, пренесува novaekonimija.rs. .

Влијанието на климата врз тоа каква ќе биде флората и фауната е огромно, а на Исланд нема комарци, меѓу другото затоа што температурата ретко се зголемува доволно високо за да го поддржи целиот животен циклус на овој инсект.

На комарците им се потребни топли услови за да напредуваат, а како што пишува порталот „Science and Fun“, температурите на Исланд, дури и во лето, генерално се премногу ниски на доволно долги периоди за да се развијат и созреваат ларвите на комарците.

Комарците обично ги несат јајцата во застоена вода, каде што ларвите излегуваат и растат. Исланд има многу водни патишта, реки, езера, но ниските температури значат дека дури и тие не се погодни за размножувањето на комарците.

Дополнително, поради вулканскиот терен на земјата, голем дел од водата се движи наместо да стои, што дополнително ги ограничува соодветните живеалишта за размножување.

Значителните варијации во температурата и дневната светлина во Исланд не се погодни за комарците. Кратките, студени лета не обезбедуваат доволно долг топол период за комарците да го завршат својот животен циклус.

Покрај тоа, долгите, студени зими се пресурови за комарците да презимат, дури и ако успеат да воспостават популација во текот на летото. Овие фактори заедно создаваат средина која е несоодветна за комарци, што објаснува зошто ги нема на овој остров во северна Европа.

И кога неколку дена благо време на крајот на зимата или раната пролет ги поттикнуваат комарците да излезат надвор, следниот мраз обично ги убива.

„Дури и ако комарците повремено стигнат до Исланд, што успеваат, тие никогаш не живеат доволно долго за да создадат своја популација. Средината што ја имаме на Исланд е идеална за трајно да ги држи комарците подалеку“, вели Исланѓанецот Сигурјон Халдерсон.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Реализирана втората авионска фаза од дезинсекцијата против комарци во Скопје
Утре во Виница ќе се спроведе прскање против комарци од земја
Таг:Единственатакомарцинемасветот
Претходен напис Благотворноста на свежото сирење
Следен напис ЦУК: Пожарот кај Никуштак активен, во гаснењето вклучени два „ер трактора“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?