Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Три уништени погони е билансот од пожарот во „Макпрогес“, Стопанската комора најави формирање кризен штаб
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Три уништени погони е билансот од пожарот во „Макпрогес“, Стопанската комора најави формирање кризен штаб
Агровести

Три уништени погони е билансот од пожарот во „Макпрогес“, Стопанската комора најави формирање кризен штаб

Објавено 07/09/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Три уништени производствени погони, неколкумина повредени пожарникари и голема материјална штета е билансот од големиот пожар што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес“ во Виница, позната по брендот „Винчини“.  

Огнената стихија, која беше пријавена вчера околу 18.40 часот, доцна синоќа беше ставена под целосна контрола, по неколкучасовната интервенција на локалните, но и на противпожарните екипи од повеќе општини од источниот дел на државата. 

Неколкумина од пожарникарите, како што информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, се здобиле со изгореници на стапалата откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните.  

Имено, при обидот на пожарникарите да ги извлечат нозете, чизмите им останале во стопениот шеќер и згазнале во стопената смеса.  

Засега не е познат точниот број на повредени пожарникари. Дел од медиумите објавија дека има и повредени цивили, но официјална потврда за ваквите наводи нема од надлежните институции.  

Според директорот на ДЗС, во фабриката се опожарени три производствени линии означени како 6,7 и 8, од кои два магацини. Сите имале сончеви панели на кровот, рече синоќа Ангелов.  

Интервенцијата на пожарникарите спречила огнот да се прошири на производствените линии 1 и 5, кои како што информира Ангелов, се спасени.  

Во справувањето со пожарот учествуваа пожарникари од Територијалните противпожарни единици на Виница, Македонска Каменица, Делчево, Кочани, Пробиштип, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес. 

Од Стопанската комора утрово соопштија дека и таа вчера активно била вкучена во напорите за гаснење на пожарот во „Макпрогрес“, а била алармирана и Владата, пренесе МИА.  

Од Комората изразија жалење за претрпената материјална штета и најавија формирање кризен штаб со сопственикот на фабриката, која е нивна членка, за целосно нормализирање на состојбите.  

„Вчеравечер околу 19:20 часот, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески беше известeн од сопственикот на Макпрогрес Виница, Глигор Цветанов, дека во фабриката има пожар. Веднаш беше алармирана Владата, премиерот, како и вицепремиерот и министер за транспорт, кои ги дадоа потребните наредби за спасување на целокупната фабрика, но и покрај интензивните активности, мора да се констатира дека три клучни погони се целосно уништетни“,  се наведува во соопштението од Стопанската комора.

Оттаму додаваат дека пожарот ќе остави длабока трага врз работењето на компанијата, која како што наведуваат, е една од најуспешните извозни компании во Македонија, препознаена по брендот „Винчини“. 

„Екипа на Стопанската комора е присутна на самото место од моментот на избувнување на пожарот и заедно со сопствениците ќе формира кризен штаб. Комората презема активности за целосно нормализирање на состојбите“,се вели во соопштението од Стопанската комора.  

Фабриката „Макпрогрес“ е основана пред 35 години, односно во 1990 година и е една од  водечките производители во кондиторско-пекарската индустрија во земјава. Најголем дел, односно 75 проценти од нејзиното производство, е наменето за извоз, а производите се извезуваат во 45 држави. 

Објави од загижени граѓани има и на социјалните мрежи, кои велат дека пожарот е вистинска трагедија бидејќи станува збор за фабрика која вработува голем број жители на Виница.  

Пожарот во фабриката, како што информираше синоќа Центарот за управување со кризи,  бил пријавен во 18:40 часот преку единствениот број за итни случаи – 112.  

Стихијата, според ЦУК, избувнала во магацините и во производствените погони 6, 7 и 8 на фабриката, по што на терен веднаш излегле екипите на ТППЕ Виница со неколку противпожарни возила и пожарникари.  

На нив на помош им дојдоа колеги од кочанската противпожарна единица и од Доброволното протипожарно друштво (ДПД) Кочани, а беа издадени насоки до градоначалникот на Виница да побара дополнителна поддршка и помош од соседните општини.   

Извор – 360Степени

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:КочаниПожарфабрика
Претходен напис Во Словенија повлече од пазар  црвени пиперки произведени во Албанија
Следен напис (ВИДЕО)Одгледувањето на ова растение носи астрономски профит! Ретко кој го одгледува, а има одлична основа за добра берба
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?