Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Соопштение за пријавување за полагање на испит за добивање на лиценца за проценител на тутун
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Соопштение за пријавување за полагање на испит за добивање на лиценца за проценител на тутун
Агровести

МЗШВ: Соопштение за пријавување за полагање на испит за добивање на лиценца за проценител на тутун

Објавено 01/09/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање на испит заради добивање на лиценца за процена на необработен тутун ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО со 30 септември 2025 година.

Испитот се полага пред комисија што ја формира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Обуката и полагањето на испитот за добивање на лиценца за процена на необработен тутун ќе се оддржи во месец октомври 2025 година во зависност од пријавените кандидати во Научен Институт за тутун-Прилеп.

Лицата кои имаат добиено лиценца за процена на тутун до 2016 година, а не посетиле обука може да се пријават за обука во Научниот Институт за тутун-Прилеп до 10 октомври 2025 година.

Кандидатите кои ги исполнуваат законските услови за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на необработен тутун дополнително ќе бидат известени за денот на посетување на обуката и денот за полагање на испитот, како и за трошоците за обука и трошоците за полагање на испитот.

Заинтересираните кандидати заедно со барањето (кое се наоѓа во прилог на ова соопштение) за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на небеобработен тутун треба да ги приложат следните потребни документи: 

1. Кандидатите со соодветно образование треба да приложат

  -диплома за завршено високо, вишо или свидетелство за завршено средно образование од областа на технологијата за производство и обработка на тутун;

2. Кандидатите кои немаат соодветно образование треба да приложат:

  -документ за завршено образование и потврда од фирмата за работно искуство во областа на технологијата за производство и обработка на тутун и/или копија од М1/М2 Образец со податоци за работниот стаж и тоа:

   *високо образование со две години работен стаж,

   *вишо образование со три години работен стаж,

   *средно образование со четири години работен стаж.

3. Кандидатите кои немаат соодветно високо, вишо или средно образование кои се производители на тутун најмалку пет години треба да приложат:

-договори за производство и откуп на тутун или потврда од претпријатието со кое производителот склучувал договори за производство и откуп на тутун и документ за завршено образование. 

4.  Кандидатите мора да имаат завршено средно образование (4 години).

Барањето заедно со потребната документација се доставуваат најдоцна до 30.09.2025 година до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на адреса: ул. “Ленинова” бр.2, 1000 Скопје.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:испитполагањепријавувањепроценител на тутун
Претходен напис Борба против болести и штетници во органското пчеларство
Следен напис Царинска управа: За 14,5 милиони евра зголемена наплатата на приходи во август – рекорден раст од 8,9 проценти годинава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?