Ме радува што земјоделството во Македонија континуирано покажува дека има потенцијал да биде современо, продуктивно и атрактивно – сектор што со јасна визија и долгорочен план, нуди големи можности, а не ограничувања.
При денешната посета на млекарата и производствените погони на задругата „Крнино“, сместени при Манастирот Пречиста Богородица во кичевскиот регион, се уверив како паметните инвестиции и посветената работа придонесуваат за развојот на аграрниот сектор.

Досега задругата успешно реализира три проекти за модернизација на линијата за снабдување со свежо кравјо млеко, поддржани од ЕУ – ИПА програмата, Министерството за земјоделство, Македонската асоцијација на земјоделски задруги и Македонската развојна фондација.
Задругата „Крнино“ со првиот Млекомат во државата е пример за модернизацијата што го подигна квалитетот и создава услови за одржливо функционирање.

Овој успех нека биде пример што треба да го следиме, а ние како Министерство ќе продолжиме да бидеме партнер и поддршка на земјоделците.

Заедно можеме да изградиме посилно и посовремено земјоделство за идните генерации, напиша на социјалните мрежи министерот Цветан Трипуновски.
