Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јавeн повик за мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Јавeн повик за мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“
Јавни огласи и повици

Јавeн повик за мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“

Објавено 19/08/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за економија и труд преку Агенцијата за вработување го објави јавниот повик за мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“, која е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година.

Со оваа мерка, се овозможува вклучување на 200 невработени лица – активни баратели на работа, кои ќе бидат вработени во микро, мали и средни претпријатија што ќе инвестираат во зелени технологии, производи и процеси, се вели во соопштението од Министерството за економија и труд.

Финансиската поддршка се доделува во вид на неповратни грантови од 250.000 до 750.000 денари, зависно од бројот на новоотворени работни места:

-250.000 денари за едно ново вработување,

-500.000 денари за две нови вработувања,

-750.000 денари за три нови вработувања.

Преку оваа поддршка, компаниите ќе можат да финансираат набавка на нова опрема и машини, софтвер и лиценци, опрема за обновливи извори на енергија, како и материјали за енергетска ефикасност.

Право на учество имаат микро, мали и средни претпријатија од приватниот сектор кои ги исполнуваат условите предвидени во јавниот повик, со приоритет за компании од секторите: преработувачка индустрија, земјоделство, шумарство и водостопанство, снабдување со вода и управување со отпад, градежништво и транспорт.

Јавниот повик е отворен до 1 септември 2025 година. Заинтересираните работодавачи можат да се пријават во центрите за вработување секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот. Условите, правата и обврските помеѓу АВРСМ, УНДП и претпријатијата на кои им е одобрена неповратна финансиска поддршка ќе бидат уредени со склучување на меѓусебни договори.

Претпријатието има можност да додаде сопствени средства кон доделената финансиска поддршка за набавка со повисока вредност.

Детални информации се достапни на веб-страницата на Агенцијата за вработување www.av.gov.mk, како и на официјалните контакти на УНДП.

Министерството за економија и труд

Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
ЈАВЕН ПОВИК 04/26: Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/26: Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе
Таг:зелени инвестицииЈавeн повикновиПоддршка
Претходен напис Известување за мерка 3. Помош во премии и осигурување од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година
Следен напис ЦУК: Три регистрирани пожари на отворено, еден активен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?