Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На браната „Градче“ кај Кочани фатен „Толстолобик“ долг 130 сантиметри и тежок над 50 килограми
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На браната „Градче“ кај Кочани фатен „Толстолобик“ долг 130 сантиметри и тежок над 50 килограми
Агровести

На браната „Градче“ кај Кочани фатен „Толстолобик“ долг 130 сантиметри и тежок над 50 килограми

Објавено 04/08/2025
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во текот на вчерашниот ден, двајца риболовци од Кочани, од вештачкото езеро „Градче“, извлекоа огромен „Толстолобик“ со должина од 130 сантиметри и тежина од над 50 килограми.

 „Толстолобик“ е вообичаен назив кај нас и во источна Европа за сребрен крап (Hypophthalmichthys molitrix) —  слатководна риба од семејството Cyprinidae, позната и како „white carp“ или едноставно „silver carp“.

Оваа риба расте брзо и лесно надминува повеќе од 20 килограми. Се храни со фитопланктон и е многу корисна за чистење на езерата.

Несекојдневниот улов на двајцата рибари од Кочани, предизвика вистински „потрес“ меѓу љубителите на спортскиот риболов, посебно поради фактот што ваков примерок ретко се среќава во овој регион. Според двајцата среќни риболовците, борбата со рибата траела речиси еден час и на крајот резултирала со врвен трофеј.

Вештачкото езеро „Градче“ се наоѓа на десетина километри од Кочани. Езерото е познато излетничко, рекреативно и риболовно место. Со вчерашниот улов тежок над 50 килограми и долг  метар и триесет сантиметри, се  потврдува репутација на „Градче“ како легло за вистински риболовни предизвици.

МИА

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:130 сантиметри50 килограмиГрадчеКочаниТолстолобик
Претходен напис Објавен јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи потрошувачи во 2025 година
Следен напис Поскапуваат бензините, поевтинуваат дизелот и Екстра лесното масло
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?