Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Водата во велешкото езеро „Младост“ и понатаму забранета за капење, рекреација и наводнување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Водата во велешкото езеро „Младост“ и понатаму забранета за капење, рекреација и наводнување
Агровести

Водата во велешкото езеро „Младост“ и понатаму забранета за капење, рекреација и наводнување

Објавено 01/08/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од последните извршени испитувања на експертите од Центарот за јавно здравје-Велес од 17 јули годинава повторно се заклучува дека водата во велешкото езеро „Младост“ е со лош квалитетот. Се посочува дека ризична е по здравјето на капачите и по опстанокот на живиот свет, а воедно водата е забранета и за наводнување на лозовите насади околу езерото „Младост“.

Во најновиот извештај на ЈЗУ ЦЈЗ-Велес, водата во езеро „Младост“ кај Велес се потврдува дека и по една година и понатаму останува забранета за капење, рекреација и наводнување, а на што укажуваат и последните нивни извештаи од 17 јули годинава направени по земените мостри на вода од мерните места „Отовичка плажа“, „брод Панини“ и „плажа Бела Вода“, а кои се објавени на веб-страната на Општина Велес. Тие заклучиле дека скоро 50 пати се повисоки концентрациите на амоњак, скоро двојно поголема е заматеноста на водата и нешто повисока од максимално дозволените концентрации заситеноста со кислород на површинската вода во езеро „Младост“ на местото „Отовичка плажа“.

Како што пишува во извештајот на Центарот за јавно здравје Велес, по однос на микробиолошките индикатори водата е оценета за добра, а по однос на физичко-хемиските параметри одговара на 5-та класа по присуство на амонијак, 4-та класа по сатурација, 3-та класа по присутна матност, а по однос на останати испитани параметри е во 2-ра и 1-ва класа.

Од извршениот санитарно-хигиенски увид на Езеро „Младост“ се заклучува дека постои видлива пролиферација на алги и појава на пена и голема количина на биомаса-густи, пифтиести, сунѓерасти наслаги со жолто-кафеава боја кои покриваат значителен дел од крајбрежјето на акумулацијата.

-Водата не смее да се користи за капење и рекреација додека не се изврши испитување од стручна институција која ќе докаже дека во водата нема цијанобактерии и не содржи цијанотоксини, потенцираат од ЦЈЗ-Велес. 

Воедно, идентични се резултатите од последните анализи и на мерно место „Брод Панини“ каде според испитаниот примерок на површинска вода од страна на Лабораторијата на оваа јавна здравствена установа.

Оваа јавна здравствена установа втор пат препорачува испитување на присуството на цијанобактерии во водата на Езерото „Младост“, а  за да се докаже дали има или не цијанотоксини.

Инаку прва ваква неопходна анализа лани препорачаа стручњаците од Хидробиолошкиот завод од Охрид, кои извршија комплетна анализа на водата.

Како што појаснуваат експерите за квалитет на водата, тоа што ќе се потврди со евентуалното присуство на цијанобактериите поточно цијанотоксините е дека во водата на велешкото езеро „Младост“ се зголемени количините на азот и фосфор поради одвод на отпадни води од населбите околу езерото, односно дека сите не се вклучени на колекторскиот систем за прочистување на водата.

Според стручњаците за вода од ЈЗУ Центар за јаво здравје-Велес, нивното присуство на цијанобактериите односно цијанотоксините е опасно затоа што предизвикува оштетување на црн дроб, на нервен систем и предизвикување на кожни иритации. Тие потенцираат дека води во кои има цијанотоксини се небезбедна за пиење, капење, наводнување и риболов.

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:велешкото езероводатазабранетакапењемладострекреација
Претходен напис Девет фирми добија покана да достават финансиска понуда за изградба на автопатот Букојчани – Кичево
Следен напис Во Албанија во јули опожарени 28 илјади хектари површина, со предизвикана штета од 160 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?