Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бислимоски: Ако РКЕ ја определува крајната цена на водните услуги ќе се намалат загубите на вода и ќе се подобрат инвестициите во водоводната инфраструктура 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бислимоски: Ако РКЕ ја определува крајната цена на водните услуги ќе се намалат загубите на вода и ќе се подобрат инвестициите во водоводната инфраструктура 
Агровести

Бислимоски: Ако РКЕ ја определува крајната цена на водните услуги ќе се намалат загубите на вода и ќе се подобрат инвестициите во водоводната инфраструктура 

Објавено 30/07/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимоски е оптимист дека може да се подобри состојбата на јавните водоводни претпријатија во државата доколку РКЕ ја определува крајната цена за секоја водна услуга. Тоа, како што вели, ќе ги намали загубите на вода и ќе придонесе за инвестиции во водоводната инфраструктура без притоа драстично да се зголемат сметките за водните услуги.

-РКЕ во соработка со здружението на водоводните претпријатија во државата – АДКОМ работи на доставување на предлог за измени и дополнување на два закона со што ќе се овозможи РКЕ да ја определува крајната цена за секоја водна услуга, потврди денеска претседателот на РКЕ.

Со тоа, додаде, нашата одлука ќе биде задолжителна за водоводните комунални претпријатија.

-На тој начин ќе го поедноставиме целиот процес имајќи во предвид дека сите наши методологии се поттикнувачки и даваат сигнал до претпријатијата без разлика на нивната дејност да ги намалуваат своите трошоци. Веруваме дека на тој начин ќе обезбедиме повеќе инвестиции во водоводната инфраструктура во државата имајќи во предвид дека загубите на вода на државно ниво ни се 64 проценти. Очекуваме дека со овој нов концепт ќе се придонесе за нови инвестиции  во оваа инфраструктура која е стара 50, 60 па и 70 години  со што ќе се овозможи намалување на загубите и ќе се намали процентот на ненаплатена вода. На тој начин потрошувачите ќе имаат стабилно и сигурно снабдување со вода, но заради намалување на загубите нема да има никакво сериозно зголемувања на цените за водните услуги, рече Бислимоски. 

Сега, како што кажа, РКЕ носи одлука за цената на водните услуги со која се определува минимална и максимална цена за секоја услуга која ја даваат водоводните претпријатија, а потоа врз оснава на таа одлука Управниот одбор на претпријатието носи одлука за цена во рамките на минимумот и максимумот која потоа се доставува на одобрување од Советот на општината.

-Очигледно е дека тоа е посложен процес кој има политички влијанија и не секогаш се носат одлуки кои се во интерес на водоводните претпријатија и во интерес на потрошувачите, посочи Бислимоски. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бислимоскиводните услугизагубитеинвестициитеРКЕ
Претходен напис До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и грмежи
Следен напис Министерот Трипуновски, откупувачите, преработувачите и земјоделците договорија повисоки откупни цени на индустриската пиперка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?