Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Фондот за пензиско воведува СМС известувања за подигнување решенија за пензија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Фондот за пензиско воведува СМС известувања за подигнување решенија за пензија
Агровести

Фондот за пензиско воведува СМС известувања за подигнување решенија за пензија

Објавено 28/07/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Граѓаните кои поднеле барање за остварување на право на пензија, од утре (29 јули), ќе бидат известувани со СМС пораки, каде и кога да го подигнат решението, информираат денеска од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија.

Оваа услуга, како што велат од Фондот, се воведува со цел избегнување на непотребните доаѓања на шалтерите од страна на граѓаните и намалување на гужвите, а воедно се поедноставува процедурата на работа и се намалуваат трошоците во работењето.

– Откако решението ќе биде изготвено од службите до граѓаните што поднеле Барање за остварување на правото на пензија Фондот ќе ја достави пораката со следниот текст. „Вашето решение со бр.хххххххххххххх е изготвено. Истото можете да го подигнете во Филијалата/Деловницата на ФПИОСМ каде што е поднесено барањето“, се наведува во соопштението.

Во рамките на Фондот, како што посочуваат оттаму,  работи нов Кол Центар каде што граѓаните и осигурениците може да добијат информации за статусот на предметот или поднесеното барање, како и информации за условите за стекнување на:- старосна пензија, семејна пензија, инвалидска пензија, најнизок износ на пензија, остварување на права со примена на меѓународни договори, остварување на права од Законот за работни односи и тоа скратено работно време, промена на работно место, непосредна опасност од настанување на инвалидност, утврдување на својство на осигуреници (земјоделци),  продолжено осигурување, упатени во странство и вработени во странство, посебни категории на осигуреници ( верски лица),  остварување на права за осигуреници со бенефициран стаж,  задршки од пензија, како и услови за остварување на право за сместување во пензионерски дом.

За подобрување на работата на Фондот и поедноставување на начинот со кој граѓаните ги остваруваат своите права од пензиското и инвалидското осигурување, во изминатиов период, како што велат од Фондот, преку новиот портал  uslugi.gov.mk се воведени 13 електронски услуги.

–  Станува збор за Барање за остварување на право на старосна пензија,  Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – упатени работници во странство, Барање за издавање решение за утврдување на својство на осигуреник – вработени во странство, Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – верски службени лица, Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник- индивидуален земјоделец, Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – продолжено осигурување, Барање за донесување на наод оцена и мислење за права од Законот за работни односи, Донесување наод, оцена и мислење согласно одредбите од Законот за вработување на инвалидни лица, Потврда за исплатени пензии во периоди, Потврда за исплатени пензии и спроведени задршки од пензија, Преглед за пресметан и платен данок од доход за исплатени пензиски примања, Потврда за сметка во банка, како и Потврда за корисник на пензија без податок за износ на пензија, се наведува во соопштението до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, се посочува во соопштението.

Од Фондот информираат дека во фаза на тестирање се и следните услуги, кои ќе бидат ставени во употреба во наредниот период и тоа: Барање за остварување на право на семејна пензија, Барање за остварување на право на инвалидска пензија, Барање за остварување на право на паричен надоместок за телесно оштетување, како и Издавање на дупликат решение.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пензијаподигнувањеСМСФондот за пензиско
Претходен напис Владата за стоковите резерви ќе откупи околу 9.000 тони пченица и 2.400 тони ориз и оризова арпа од реколтата 2024
Следен напис На пожарот на планината Готен се дејствува и од земја и од воздух
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?