Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пензии: Дали со линерното зголемување за 1 000 денари најголем дел од пензионерите ќе бидат оштетени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пензии: Дали со линерното зголемување за 1 000 денари најголем дел од пензионерите ќе бидат оштетени
Агровести

Пензии: Дали со линерното зголемување за 1 000 денари најголем дел од пензионерите ќе бидат оштетени

Објавено 21/07/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Колку пензионери ќе добијат а колку ќе изгубат доколку се промени начинот на пресметка на растот на пензии. Анализата на Телевизија 24 вели дека во случај законот за пресметка на пензиите се измени, односно пензиите да растат линеарно, наместо сегашниот модел кој предвидува зголемување на пензиите според растот на инфлацијата и просечната плата, во тој случај најавеното зголемување на пензиите од 1000 денари ќе биде од корист само за 25 818 пензионери, или за само 7,5 отсто од вклупниот број.

Но и за нив ова зголемување не е ништо повеќе од она што би им следувало по моменталната формула, или помалку од сто денари. Сите останати речиси 320 илјади пензионери со актуелната пресметка треба да добијат повеќе од 1000 денари колку што предвидува  линеарното зголемување. 

Потврда на нашите пресметки даде и универзитетскиот професор Ванчо Узунов  кој смета дека промената на пресметката може да доведе до рушење на самиот пензиски систем кој со децении се градел и развивал. Дополнително, професорот вели ваквиот потег е во функција на изборите.

Ванчо Узунов универзитетски професор

„Суштината на ова, кој колку би добил од линеарно или не линеарно зошто не го објасни владата сама? Зошто не влезе во тоа објаснување? Нема да влезе бидејки самата вели – линеарно, затоа што линеарно полесно се продава.Ќе биде оштетен корпус на пензионери, но добар дел од пензионерите ќе мислат  дека владата постапила праведно, тука е логиката и друга логиока нема.“

Официјалните податоци велат дека во земјава има речиси 345 илјади пензионери, од нив најголем процент добиваат месечна пензија која се движи од 18 до 22 илјади денари, или 35,7 отсто. Што се однесува до највисоката пензија која надминува 62 500 денари, таа ја добиваат помалку од еден отсто од пензионерите.

Податоците од ПИОМ откривата дека речиси идентичен број на пензионери ги добиваат најниската пензиоја која изнесува до 18 илјади денари и онаа која се движи од близу 44 до 62 500 денари.  

Пред неколку дена власта најави дека размислува за двојно линеарно зголемување на пензиите по 1.000 денари, првото оваа есен, а второто напролет, како дел од планот на Владата пред локалните избори.      

Извор – 24ТВ

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:денарипариПИОМ
Претходен напис Мицкоски: Oхрабрува растот на извозот на  земјоделски производи во првите 5 месеци
Следен напис Владата најавува “пет потрошувачки кошници“, синдикалната кошница во јули 65 328 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?