Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците да ги наводнуваат културите, особено пролетните, окопните и индустриските, велат агрометеоролозите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците да ги наводнуваат културите, особено пролетните, окопните и индустриските, велат агрометеоролозите
Агровести

Земјоделците да ги наводнуваат културите, особено пролетните, окопните и индустриските, велат агрометеоролозите

Објавено 20/07/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделските производители да ги наводнуваат културите, особено пролетните, окопните и индустриските, зашто високите температури значително влијаат на нивото на влагата во почвата, предупредуваат агрометеоролозите. Топлото време, посебно најавениот бран со над 40 степени што се најавува за претстојната недела ќе се одрази, велат, и врз повеќегодишните растенија кај кои резервите на вода и во подлабоките слоеви постојано се намалуваат.

Некои од овошките во овој период се во интензивен раст со појава на зрели плодови, а некои се во фаза на берба. Како што објаснуваат агрометеоролозите, сончевото и топло време беше поволно за зреење на црешата, вишната и некои типови зеленчук. Одредени житни култури се во последната фаза од животниот циклус – созревање, која е, исто така, мошне значајна. 

–Потребите за вода кај сите земјоделски култури се големи и перманентни. Земјоделското производство има потреба од нови, пообилни врнежи дожд кои би ја зголемиле влагата во почвата. Во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 сатепени, а наместа се очекува да надмине и 40 степени. Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува во деновите од викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер. Овие температури ќе влијаат негативно врз земјоделските култури со тоа што доаѓа до интензивна евапотранспирација, при што почвата брзо се суши и поизразено ја губи почвената влага. Земјоделците треба да продолжат со грижата за посевите и со изведувањето работи во поле, со наводнување, уништување на плевелите, заштита од појава и развој на болести и штетници, редовно следење и примена на други агротехнички мерки, нагласуваат агрометеоролозите од УХМР.

МИА

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:агрометеоролозикултуринаводнување
Претходен напис Голем пожар во Желино – Сејдиу: Пронајдовме запалени гуми, можно е да е подметнат!
Следен напис ХЕМОМЕТАЛ на „Фестивалот на жетвата“ во Новаци: Tрактори и друга земјоделска механизација од реномирани производители
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?