Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Платежна агенција со известување до земјоделците: До 15 август да се поднесат барања за финансиска поддршка за неколку подмерки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Платежна агенција со известување до земјоделците: До 15 август да се поднесат барања за финансиска поддршка за неколку подмерки
Субвенции

Платежна агенција со известување до земјоделците: До 15 август да се поднесат барања за финансиска поддршка за неколку подмерки

Објавено 17/07/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Се известуваат земјоделските стопанства дека до 15 август 2025 година можат да поднесат барање за финансиска поддршка за следните подмерки:

1.17. – Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични, зачински растенија и цвеќе,

1.18. – Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.3. по обработливa земјоделска површина за градинарско производство на отворено и во пластеници,

1.19. – Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.6. по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади,

1.20. – Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади.

Предмет на барање се парцелите за кои земјоделските стопанства користеле финансиска поддршка по програмата од 2023 година а не оствариле финансиска поддршка согласно програмата од 2024 година и за истите катастарски парцели поднеле барање согласно програмата од 2025 година.

Висината на финансиската поддршка изнесува 10.000 денари по хектар за парцелите на кои во производна 2023/2024 година имаат засеани површини со поледелски култури или во 2024 година имаат засеани површини со градинарски култури.

Висината на финансиската поддршка изнесува 30.000 денари по хектар за парцелите на кои во 2024 година имаат одржувано површини со овошни или лозови насади.

Барањата за овие подмерки се поднесуваат директно до Агенција, на рачно пополнет образец, на следната адреса:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, булевар Трета Македонска Бригада број 20 (зграда на Македонија Табак Блок Ц), Скопје.

 Образецот за поднесување на барање е прикачен на веб страната на Агенцијата во делот „Директни плаќања 2025“, „Обрасци“.

Може да ви се допадне

Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
Со германска поддршка во Долно Лисиче ќе се тестираат практики за земјоделство отпорно на климатски промени
Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Голем број членки на ЕУ се противат на намалувањето на средствата за кохезија и земјоделство
Таг:августземјоделствомеркиподдршкаподнесување
Претходен напис Денеска невреме со силен ветер и со град – Издаден жолт аларм од УХМР
Следен напис Објавен е Јавен повик Бр.01/25 за доделување на дивечот во ловиштата во неколку региони
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?