Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пет земји од ЕУ се против нов трговски договор со Украина поради загриженост за земјоделските пазари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ЕУ > Пет земји од ЕУ се против нов трговски договор со Украина поради загриженост за земјоделските пазари
ЕУ

Пет земји од ЕУ се против нов трговски договор со Украина поради загриженост за земјоделските пазари

Објавено 15/07/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Романија, Полска, Унгарија, Словачка и Бугарија изразија противење на предлогот за ревидиран трговски договор меѓу Европската Унија и Украина, поради стравувања дека новите услови би можеле да доведат до дестабилизација на земјоделските пазари во ЕУ.

Прашањето било покренато на вчерашниот состанок на министрите за земјоделство на ЕУ, според дипломатски извори на кои се повикува Европска Правда.

Новиот договор треба да го замени досегашниот безвизен трговски режим со Украина, кој истече на почетокот на јуни. Тој се заснова на договорот за Длабока и сеопфатна зона на слободна трговија (DCFTA) од 2016 година.

Ревидираната верзија на договорот следи по истекувањето на Автономните трговски мерки (АТМ), со кои Украина имаше повластен пристап до пазарот на ЕУ од почетокот на руската инвазија во 2022 година.

– Петте земји – Полска, Словачка, Унгарија, Бугарија и Романија – го отворија прашањето за новите трговски услови со Украина. Според нив, предложените измени во DCFTA би можеле сериозно да го дестабилизираат европскиот пазар, изјавил дипломатски извор.

Еврокомесарот за земјоделство Кристоф Хансен потврди дека темата била дискутирана на состанокот во Брисел, по барање на група земји-членки.

– Имавме отворена дискусија за ажурираниот договор со Украина, изјави Хансен. – Ги презентирав фактите поврзани со договорот и подвлеков дека тој е во најдобар интерес на нашите земјоделци.

Хансен додаде дека ревизијата на договорот од 2016 година требало да се случи уште во 2021 година, но била одложена поради руската целосна инвазија на Украина.

Иако Европската комисија веќе ги заврши преговорите со Киев на 30 јуни, споменатите пет земји продолжуваат да бараат измени во предложените одредби.

Нивната главна загриженост е дека поевтините украински земјоделски производи би можеле да навлезат на пазарот на ЕУ, што, според нив, ќе им наштети на домашните производители.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
ЕУ со нов план за обезбедување на ѓубрива и прехранбена сигурност
Зајакнување на отпорноста на земјоделството во ЕУ според студија на Европска Комисија
ЕУ ги суспендира царините за клучните ѓубрива што се користат во земјоделското производство
Новиот европски план за ѓубрива: Поголема поддршка за земјоделците и развој на биолошки ѓубрива
Претходен напис Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи
Следен напис Два активни пожари на отворен простор, еден под контрола, изгаснати 18 – информира ЦУК
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?