Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стојкоски: Откупувачите и мелничарите да ја почитуваат договорената цена за пченицата, а државата да стимулира со по четири денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Стојкоски: Откупувачите и мелничарите да ја почитуваат договорената цена за пченицата, а државата да стимулира со по четири денари
Агровести

Стојкоски: Откупувачите и мелничарите да ја почитуваат договорената цена за пченицата, а државата да стимулира со по четири денари

Објавено 12/07/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Годинава родот на пченицата е поквалитетен, жетвата се одвива непечено, а од откупувачите бараме да го почитуваат договореното за плаќање по 12 денари за килограм и трошоци за транспорт, вели Петре Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци и фармери.

Стојкоски смета дека откупувачите калкулираат.

-Цврсто се договоривме на работен состанок со министерот за земјоделство и со откупувачите дека цената на пченицата ќе биде 12 денари плус транспортните трошоци. Но, мора да кажеме дека делумно таа ситуација се почитува што, за жал не е добра работа, зашто откупувачите пред сите нас и пред Министерството за земјоделство потврдија дека цената ќе биде 12 денари плус превоз. Таа состојба откупувачите не ја почитуваат. Ако платат 12 денари, нема да дадат за превоз и, обратно, ќе дадат 11 денари па и за превоз, вели Стојкоски.

Прашањето со складирањето на пченицата е решено. Се уште останува во сила договорот за секој оној кој сака да ја чува пченицата во овластени силоси за чување, а државата ќе им плати. Единствено отворено прашање за Асоцијацијата е што го нема завршено разговорот со Министертството за земјоделство за дополнителни средства за пченицата, по четири денари за килограм. Тоа ќе биде стимул за производството , а и за намалување на зависноста од увозот.

-Ако сакаме да бидеме независни од увоз на пченица, тогаш треба самата држава да „вмеша прсти“ и да ја даде разликата која нам ни е потребна за да биде реално. Станува збор за доплата од по четири денари од државата. Тоа ќе ни даде стимул оваа гранка во земјоделството да ја работиме.Тие разговори се во тек, но сѐ уште немаме доипрецизирано, а јас се надевам дека ќе најдеме решение за она што е реално да се прифати. И оваа година ќе бидеме зависни од увозот, но процентот се намалува. Се надевам дека оваа година ќе имаме околу 280 милиони килограми домашна пченица што е добро и веќе е зголемено производството, иако приносите ќе бидат нешто помали од нашите очекувања, смета Стојкоски.

Како мерка и стимул, неопходно е прво домашното производство да се потроши, па потоа да се увезе пченица. 

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:мелничаритеОткупувачитепочитуваатпченицатаСтојкоскиЦена
Претходен напис Лишено лице од дебарско поради предизвикување пожар
Следен напис Министерот Трипуновски во посета на откупни центри за пченица во Пелагонискиот регион
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?