Денес сум на терен во с. Тремник, општина Неготино за да изнајдеме конкретно решение за жителите од ова населено место, кои што се соочуваат со сериозен проблем – недоволна количина на вода за наводнување на земјоделските посеви.
Како министер, мојата приоритетна цел е за секое место во Македонија да има обезбедено вода за наводнување на земјоделските посеви.
Ова е основно право на секој земјоделец!
Земјоделците заслужуваат поддршка и ние сме тука да им ја обезбедиме!
