Квалитетен род и долга берба на краставиците, можеме да осигураме со континуирано обновување на растението што кај краставиците се постигнува со навремено и често режење, кинење на вишокот листови и лошите плодови.
Краставиците растат неограничено и создаваат цветови во пазувите на листот. Ако пуштиме растението слободно да расте, тоа ќе создава плодови во исто време. Тие нема да можат да се прехранат и дел од плодовите ќе отпаднат, ќе бидат деформирани и лошо обоени. Затоа се пристапува кон режење и овде важи правилото „ колку повеќе се режи, толку поголем и подобар род ќе имаш“.
Начинот на режење зависи од типот на култивирање и состојбата на растението
Постојат два типа на режење кои се разликуваат по начинот на водење на главниот потег: рез по принципот на чадор и рез по принципот т.н „ брајди“. За двата начина заедничко е отстранувањето на бочните изданоци и цветови до висина од 50-70 см за да се овозможи забрзан раст на растението, и порана и поуспешна берба.

Режење по принципот на чадор
Главниот ластар го водиме и мотаме околу коноп. Кога главниот ластар ќе ја надмине жицата, и го режиме врвот и го прицврстуваме на жицата за тежината на плодовите да не падне долу. Страничните ластари кои до тогаш се појавиле ги кинеме. Двата странични ластари кои се блиску до врвот на растението ги оставаме и ги префрлуваме преку жицата да висат. Тие почнуваат да растат надолу од секоја страна по една и го заменуват главниот ластар. Што се однесува до страничните ластари од прв ред ги оставаме првите два ластари од втор ред. Секој од врвовите на растението го оставаме 50 см од почвата и им го откинуваме врвот. После бербата на првиот ластар од втор ред се сече ластарот и се остава простор за побрз развој на останатите. На сите ластари се остава еден лист со по еден плод.
Режење по принципот „ брајди“
Краставицата ја одгледуваме на мрежа прицврстена на жица и ги провлекуваме ластарите. Главнито ластар се води се додека не ја надрасне жицата и се откинува врвот. Тогаш нејзината улога ја превзема најблискиот страничен ластар. Ако на главниот ластар се создаваат премалку странични ластари, се пристапува кон порано режење на врвот на растението. Сите странични ластари и цветови на 50-70 см висина ги кинеме. На следните 50-70 см ги пуштаме страничните ластари да развијат еден лист со по еден плод и сечеме. До висината на жицата пуштаме страничните гранки да развијат по два листови со по еден плод и сечеме. Страничниот ластар на врвот го префрламе преку жицата и сечеме на три лисја со по еден плод. Понатамошната псотапка на режење на страничните ластари е иста како и кај главниот ластар.
