На подрачјето на Општина Гевгелија утре ќе се изврши дезинсекција против комарци, соопштија од локалната самоуправа.
Имено, како што се наведува, ќе се спроведе ларвициден третман на стојните води покрај реката Вардар и останатите населени места, а во доцните вечерни часови ќе се спроведе теристичката дезинсекција во Гевгелија и населените места.
Општина Гевгелија апелира до сопствениците на пчелни семејства да преземаат мерки за нивна заштита.
Во Југоистокот, освен во Гевгелија, теристичка и ларвицидна дезинсекција против комарци се изврши во Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Дојран, Валандово, Радовиш и Конче.
МИА
