Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Од вкупно 22 пожари на отворен простор се уште активни се пет 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Од вкупно 22 пожари на отворен простор се уште активни се пет 
Агровести

ЦУК: Од вкупно 22 пожари на отворен простор се уште активни се пет 

Објавено 05/07/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На територијата на државата денеска до 18:30 часот се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои активни се пет, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).  

Активни пожари има кај прилепското село Бешиште – приземен пожар во квалитетна мешана шума, во село Црешнево, место викано Церо Поле, во општина Македонски Брод, каде што гори деградирана дабова шума и грмушки, во Општина Чашка активен е шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (во моментов  нема активен пламен, само чад на карпест дел), како и два пожари во ниска вегетација во село Романце, во Општина Куманово и село Таринци, во Општина Карбинци.

Изгаснати, како што информира ЦУК, се вкупно 17 пожари – во село Врањовци во општина Врапчиште, каде што е опожарена ниска вегетација и ѓубриште, во село Лојане, општина Липково, каде била зафатена  ниска вегетација и стрниште, површина посеана со жито и ниска вегетација во село Радање во општина Карбинци и изгаснат пожар во село Орланци во општина Арачиново каде е опожарена ниска вегетација и отпаден материјал. Ниска вегетација изгасната е во месноста викана „Сливница“ во Општина Берово, во кочанското село Прибачево, во Општина Пробиштип, во ресенско с. Грнчари, велешко с. Ново Село, како и во населба Волково, во Општина Ѓорче Петров и село Мојане, во Општина Арачиново. Ѓубриште (депонија) изгаснати се во прилерпско с. Канатларци, две во село Визбегово, во Општина Шуто Оризари, во населба Стопански Двор, во Општина Ѓорче Петров и во село Јурумлери, во Општина Гази Баба.

МИА

Може да ви се допадне

АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Таг:22 пожариактивни се петотворен просторцук
Претходен напис Овцата Доли – симбол на развојот на науката, но и на етичките дебати
Следен напис Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?