Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: До крај на април да се искористат ланските картички за зелена нафта
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Механизација > До крај на април да се искористат ланските картички за зелена нафта
МеханизацијаСубвенции

До крај на април да се искористат ланските картички за зелена нафта

Објавено 29/04/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува сите корисници на мерката „зелена нафта“ дека рокот на минатогодишните картички за точење на „еуро дизел“  гориво за земјоделска механизација истекува на 30 –ти април 2020 година.

Апелираме до сите земјоделци, доколку имаат уште средства за точење на  гориво за земјоделската механизација, истите да ги искористат, затоа што по 30- ти април, картичките ќе бидат блокирани.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, веќе ја заврши тендерската постапка и во рок не подолг од 60 дена компанијата која е избрана  ќе треба да ги испечати и  картичките да ги достави  до  АФПЗРР, по што истите ќе бидат дистрибуирани до земјоделците.

 Годинава,  преку оваа мерка ќе се покрива   50 % од трошокот за производство. Лани, кога за прв пат беше воведена оваа мерка покриваше само 30% од производниот трошок утврден согласно методологијата.

Кој колку пари ќе добие на картичката, ќе зависи од видот на производството кое го пријавил за субвенции. Процентот на поддршката е веќе проектиран во програмата. Со персонализираните „зелени картички“ и со расположливата сума со нив и годинава, како и лани, ќе може да се точи само „еуро дизел“ за земјоделска механизација.

Согласно проекциите, годинава  со оваа мерка ќе бидат опфатени околу 60.000 земјоделци и преку  оваа мерка  280.000.000 денари ќе бидат вратени кај земјоделците.

 Со овие средства ќе помогнеме да се амортизираат, односно, намалат производните трошоци на земјоделците со што ги правиме домашните земјоделци поконкурентни на пазарот. 

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Агро Геа понуда: Сено – собирач/растурач
Еве кои земјоделци до 15 мај треба да поднесат барања за субвенции за 2026!
Исплатени 1 060 218 денари за оризова арпа од интервентен фонд
АФПЗРР: Исплатени 3 313 888 денари за складирање на пченица
МЗШВ: Исплатени се близу 94 милиони денари кон околу 2.430 земјоделци
Претходен напис Русија го запре извозот на житарки до почетокот на јули
Следен напис Во Париз едно еколошки произведено јајце се продава за 1 евро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?