Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Полнети модри патлиџани со болоњезе сос – вкус што се памети!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Полнети модри патлиџани со болоњезе сос – вкус што се памети!
Магазин

Полнети модри патлиџани со болоњезе сос – вкус што се памети!

Објавено 04/07/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Време е за едно вистинско летно јадење кое ќе ги освои сите сетила! Прекрасно печени модри патлиџани со богат болоњезе фил, стопено сирење и свеж босилок – совршено и за семејна трпеза и за гости.

Еве како да ги подготвите:

Потребни состојки (за 4 лица):

  • 2 големи модри патлиџани
  • 1 тегла болоњезе сос (300 гр.)
  • 3 лажици маслиново масло + уште малку за премачкување
  • 1 мал кромид
  • 1 чешне лук
  • 50 гр. рендано сирење (по избор – моцарела, кашкавал или пармезан)
  • Сол и бибер по вкус
  • Свеж босилок за сервирање
     

Подготовка:

1. Подготовка на модрите патлиџани:
Измијте ги патлиџаните и пресечете ги по должина на половина. Со лажица внимателно издлабете ја средината, но оставете ги ѕидовите доволно дебели за да држат фил. Издлабеното месо ситно исечкајте го.

2. Филување:
Во тава загрејте 3 лажици маслиново масло. Ставете го ситно сечканиот кромид и пропржете го до стаклест. Додадете го здробениот лук и сечканота срцевина од патлиџанот. Пржете додека патлиџанот не омекне. Потоа додадете го болоњезе сосот и само промешајте. Зачинете по вкус.

3. Подготовка за печење:
Загрејте ја рерната на 190°C.
Во тава со хартија за печење наредете ги издлабените патлиџани. Премачкајте ги со малку маслиново масло. Наполнете ги со приготвениот фил и одозгора посипете рендано сирење.

4. Печење:
Печете ги 30 минути, или додека горниот дел не добие златна боја. Извадете ги од рерна и оставете ги да одморат 10-ина минути.

 
Сервирање:

Сервирајте ги топли, со свежи ливчиња босилок одозгора. Вистинско гастрономско уживање!

 
Совет:

По вкус, при пржење може да додадете и малку оригано за дополнителна арома. Ако постите не ставајте сирење.

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:болоњезе сосвкусмодри патлиџанипаметиПолнети
Претходен напис Комбинирани патроли ги посетуваат населените места во Гевгелија за заштита од пожари
Следен напис Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година, поголема достапност на М-ТАГ уредот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?