На вчерашната владина седница донесовме клучни одлуки кои директно ќе им користат на македонските земјоделци, информира министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.
Сите земјоделски стопанства корисници на подмерка 1.1 (според Уредбата за директни плаќања за 2025 година), кои своето производство од пченица и јачмен го продале на регистрирани одгледувачи на добиток, можат да бидат корисници и на подмерка 1.2.
Сите што не аплицирале за складирање на пченица и јачмен во 2024 година – сега имаат можност да аплицираат и да добијат финансиски средства за складирање.
Се излегува во пресрет на земјоделците кои во 2024 година поради изборите не можеа да ги продолжат договорите за користење на земјоделско земјиште.
Рокот за поднесување на Барање за директни плаќања се продолжува до 15 август 2025 година.
Обезбедуваме финансиска поддршка за складирање на:
• Пченица и јачмен од род 2024 година;
• Пченица, јачмен и ориз од домашно производство од род 2025 година.
Нашата цел е јасна, поддршка за секој македонски земјоделец!
Фејсбук статус на Цветан Трипуновски
